Вработени во „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево

Вработени во ЈП „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево. Случајот го пријавиле граѓани. Полициски службеници, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, на разговор повикаа девет лицата  вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево. Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на …

Continue Reading

Разбојник со остар предмет нападнал малолетник во Аеродром

Разбојник нападнал малолетник на автобуска постојка во Аеродром. Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, И.П.(46) од село Љубин, скопско, пријавил дека околу 09.45 часот во близина на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, непознато лице го нападнал неговиот малолетен син и со употреба на физичка сила му побарало пари и личен накит, а потоа го нападнал со …

Continue Reading

Ќерката на Том Хенкс напиша мемоари за злоупотреба и насилство; Хенкс: Не сум изненаден

Том Хенкс проговори за прв пат по објавувањето на мемоарите на неговата ќерка Е. А. Хенкс, „10-те: Мемоари за семејството и отворениот пат“, во кои таа тврди дека нејзината мајка, актерката Саманта Луис, емоционално и физички ја злоупотребувала. „Не сум изненаден што мојата ќерка имаше храброст и љубопитност да ја истражи оваа тема, за која беше неверојатно искрена“, рече Хенкс. …

Continue Reading

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива, алармираат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. „Ако некогаш важеше за специфичен …

Continue Reading

Габриел го продолжи договорот

Дефанзивецот на Арсенал, Габриел, потпиша нов четиригодишен договор со клубот, објави „Скај Спортс“. Претходниот договор на Бразилецот имаше важност до јуни 2027 година. Габриел (27) му се приклучи на Арсенал од Лил во 2020 година. Тој има 210 настапи во сите натпреварувања, на кои постигнал 20 гола. „Дојдов како млад играч и по речиси пет години сум среќен што научив …

Continue Reading

Викендов многу топло време, со локален дожд

Во деновите од викендов ќе се задржи многу топло време, информира УХРМ. Утре ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Continue Reading

ЗНАМ конституира Градска организација: „Скопје не смее да биде ничија колатарелна штета“

Официјално се конституира Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје. Од Движењето велат дека овој чекор не е само формалност туку е почеток на една сериозна, силна и решителна политичка борба. „Ова е гласна порака, од срцето на државата, од главниот град Скопје, дека промената што ја бараат луѓето насекаде низ Македонија, веќе добива своја форма, своја …

Continue Reading

(Видео) Дуото Ај Кју објави нова песна „Till The beat comes down“

Дуото Ај Кју кое не претставуваше на Евровизија во 2018 година има нова песна на англиски насловена „Till The beat comes down“. Бојан и Марија кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон се активни на полето на музиката и денес ја промовираат нивната нова песна која е дел од нивниот следен албум кој е во изработка. На оваа …

Continue Reading

Во Илинден се одржа меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, се одржа единаесеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“. Организатор на фестивалот е КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, под покровителство на Општина Илинден. Фестивалот започна со свечено дефиле, на кое сите учесници, придружувани од звуците на зурли и тапани, тргнаа од основното училиште „Гоце Делчев“ и се упатија …

Continue Reading