Муцунски-Баро: Франција ќе продолжи да биде гласен поддржувач на проширувањето на Европската Унија
Во рамки на работната посета на Париз, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро. На средбата беше изразено заедничко задоволство од континуираниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, со јасна определба за понатамошно продлабочување на соработката на политичко …
Continue Reading
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Шалтерите утре нема да работат
ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 06.06.2025 година (петок), по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. „Во сабота, 07.06.2025 година, се продолжува со редовно работно време од 09:00-14:00 часот“, се нагласува во информацијата.
Continue Reading
Торино се раздели со тренерот Ваноли и го именува Барони за шеф на стручниот штаб
Италијанскиот стручњак Паоло Ваноли повеќе не е тренер на Торино, објави клубот. „Торино и тренерот Паоло Ваноли нема да продолжат заедно во следниот шампионат. Клубот сака да им се заблагодари на Ваноли и неговиот тим за посветеноста и заложбата што ја покажаа минатата сезона во „Граната“ и им посакува се најдобро во иднина“, беше објавено на веб-страницата на клубот. Ваноли …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово
Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО. Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ „Деновиве презентиравме неколку сознанија: Венко Филипче …
Continue Reading
Забраната на мирни собири и протести пред Собранието е во спротивност со Уставот, реагира Хелсиншкиот комитет
Во Собранието на Република Северна Македонија во процедура на разгледување е ставен предлог закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона. Предлог законот е поднесен по скратена постапка, потсетуваат од Хелсиншкиот момитет за човекови права. Законот, како што информираат, предвидува сериозни ограничувања во просторот околу законодавниот дом, вклучувајќи забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како …
Continue Reading
12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, кажа Клековски
Сашо Клековски од ФЗО nа денешната Панел дискусија- Кочани е нашиот приоритет се осврна на ситуацијата во моментот во однос на рехабилитацијата на лицата кои што сè уште се лекуваат и со што би се соочило здравството во следниот период. „Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа 7 се во странство и 5 се во земјата. …
Continue Reading
Одбија помош за Кочани, сега држат трибини, срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ, вели Кузеска
Со голем гнев и разочараност ја следиме најавата дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира трибина за Кочани. Какво лицемерие, каква нечовечност, каква ароганција. Кочани не е приоритет за Владата. Владата го одби Законот за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагедијата. Буквално одби финансиски да им помогне додека родители даваат откази од работа за да се грижат за …
Continue Reading
Издвоивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства кои се лекуваа во странство, вели Томовски за трагедијата во Кочани
Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина „Кочани е нашиот приоритет“, која се одржи во Владата и која беше посветена на трагедијата во Кочани, говореше за реализираните активности во делот на логистиката, особено во делот на поддршка на семејствата коишто заминаа заедно со повредените кои беа на лекување во странство. „На тој кобен неделен ден, …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани
Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Мицкоски и Тошковски, вели Кузеска, прават се за да ги прикријат трагите и …
Continue Reading