Керамика, култура, креација- „Етно панаѓур“
На 26 и 27 мај 2025 година, во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025“ и во чест на празникот Спасовден, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ги отвори вратите за љубителите на традицијата, уметноста и занаетчиството, со одржувањето на уникатниот културен настан „Етно панаѓур“. Овој дводневен панаѓур не беше само обична изложба, туку жив …
Continue Reading
Фатени малолетници кои со автоматска пушка пукале кон куќа во Тетово
Полицијата на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во селото Гајре, приведе двајца малолетници за пукањето што се случи во понеделникот. „На 26 мај околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово“, соопшти МВР. Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство …
Continue Reading
Над 15.000 матуранти утре ќе полагаат мајчин јазик и литература
Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат мајчин јазик и литература, задолжителен дел во рамки на првиот екстерен испит. За државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати, од кои 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен (математика, англиски јазик, француски јазик, …
Continue Reading
Вкусна трпеза и музика во 18 часот во Паркот на Франкофонијата во Скопје
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува скопјани денеска во 18.00 часот на добра традиционална македонска и европска трпеза во Паркот на Франкофонијата. Герасимовски вели дека културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ e можност за дружење, културна размена и зајакнување на заедништвото. „Денеска, со почеток во 18.00 часот повторно го организираме настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’, кадешто ќе …
Continue Reading
Трајковски: Максимална концентрација против Белгија
Извор/ ffm.mk Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготвиките за квалификациските натпревари за СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана). Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. „Овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е …
Continue Reading
Објавен конкурсот за државната награда „Св Климент Охридски“ за 2025 година
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот за државната награда ќе трае од 1 до 30 …
Continue Reading
Вучиќ и Путин разговарале по обвинувањата дека Србија ја снабдува Украина со оружје
Коментирајќи ги обвинувањата од Русија дека српските воени компании ги снабдуваат Украинците, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека за ова прашање разговарал приватно со рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека е формирана комисија која ќе ја испита вистинитоста на тие обвинувања. „Не би ги открил деталите од разговорот со Путин. Формиравме работна група заедно со нашите руски партнери за …
Continue Reading
Приведен дилер во Штип
Полицијата во текот на вчерашниот ден го приведе А.С.(34) од Штип. Полициски службеници извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во с.Дулица, општина Македонска Каменица. При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни …
Continue Reading
Франција го забрани пушењето околу сите образовни установи, плажи, паркови, автобуски постојки
Француската влада соопшти дека од 1 јули ќе биде забрането пушењето на отворени јавни места каде што може да се наоѓаат деца, како што се плажи, паркови, околу училишта, автобуски постојки и спортски објекти. „Каде што има деца, тутунот мора да исчезне“, рече министерката за здравство и семејни прашања Кетрин Вотрин во интервју за регионалниот весник Ouest-France. Таа изјави дека …
Continue Reading