Та потпиша четири годишен договор со Баерн
Поранешниот играч и капитен на Баер Леверкузен, Џонатан Та, потпиша за Баерн Минхен. Германскиот дефанзивец, дојде во Баерн како слободен играч, со Баварците потпиша договор до 2029 година. Тој ќе го носи дресот со број четири. „Во Џонатан Тау, добивме играч со меѓународно искуство и квалитет, на кого нема да му треба долго време да се етаблира во нашата одбрана. …
Continue Reading
Поранешниот амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши. Чинот бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „На 28 мај 2025 година, кога Светата Црква го прославува Одданието на Воскресение и споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и …
Continue Reading
Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“
Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три успешни операции на вградување пенилни протези, со што Македонија се вклучи во редот на најнапредните здравствени системи што нудат врвни решенија за хируршкото решавање на органската еректилна дисфункција, соопштија од Клиниката. Досега, од Клиниката за Урологија ваквите пациенти се препраќаа …
Continue Reading
Четврто издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија од 11 јуни во Скопје
Четвртото издание на inFusion – Фестивалот на инклузија оваа година ќе се одржи од 11 до 15 јуни на повеќе локации низ Скопје. Фестивалот на инклузија, освен што го слави новото име „inFusion“, оваа година нуди и повеќе од 30 настани распоредени во 5 тематски денови: Перформанси и Театар, Уметност, Музика, Спорт и Гејминг. Паркот Македонија, во Општина Кисела Вода, …
Continue Reading
Илон Маск ја напушта Белата куќа
Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше канцеларијата за намалување на трошоците на американската влада. Стотици илјади вработени беа отпуштени или прераспоредени за време на неговиот мандат. Во објава на неговата платформа X, Маск му се заблагодари на Трамп за можноста да ја води новосоздадената Канцеларија за ефикасност на владата, позната под акронимот …
Continue Reading
„Распеана чаршија“ ќе го заокружи чествувањето на Спасовден
Културното чествување на Вознесение Христово- Спасовден 2025 година, во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, ќе заврши со одржувањето на традиционалната вечер на староградски песни и музика „Распеана чаршија“. Утре (30 мај 2025 година), пред платото на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе настапат културно-уметничките друштва: „Распеани гевгеличани“- Гевгелија, „Распеани валандовчани“- Валандово, …
Continue Reading
(Видео) Пред 34 години, Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони
На денешен ден пред 34 години, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски. Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денескa во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025. Предвидено е таа да се обрати на пленарната сесија што ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев. Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“. Форумот се позиционира како значајна …
Continue Reading
Началникот на Генералштабот на АРМ на 18. конференција на началниците на Генералштабовите во Турција
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера, учествуваше на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), која се одржа во Истанбул, Република Турција. Годинашната конференција, која се одржа на тема „Визија за употребата на беспосадни системи во идните оперативни средини“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин …
Continue Reading