(Видео) Украинско беспилотно летало погоди фабрика за дронови во близина на Москва

Беспилотни летала нападнаа фабрика за беспилотни летала во градот Дубна, во Московската област, објавија руските канали на Телеграм „Астра“ и „База“, повикувајќи се на локалните жители. Нападот го потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и руското Министерство за одбрана. На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат беспилотни летала над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот. …

Continue Reading

Операта „Аида“ од Џузепе Верди традиционално ќе го затвори фестивалот „Мајски оперски вечери“

На 31 мај со почеток во 20.00 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 53.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на …

Continue Reading

„Нож и виљушка на европска чинија“ на 30 мај во Паркот на Франкофонијата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека во петок, 30 мај, во Паркот на Франкофонијата со почеток од 18.00 часот ќе се одржи културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. Тој потенцира дека и годинава ќе се промовира културната разноликост преку претставување на традиционални македонски и европски гастрономски производи. „Ги поканувам сите граѓани да ни се придружат на …

Continue Reading

Шест причини зошто е добро да се биде „постара“ мајка

Сè поголем број истражувања откриваат изненадувачки придобивки за жените кои се постари мајки, а еве шест од најголемите. Сознанието дека вашиот биолошки часовник отчукува може да биде навистина застрашувачко, а забременувањето по 35-тата година доаѓа со некои дополнителни ризици од компликации, како што се висок крвен притисок или дијабетес или хромозомски абнормалности. Затоа секогаш е добра идеја да разговарате со …

Continue Reading

(Видео) Жестока тепачка меѓу навивачите на Челзи и Бетис

Навивачите на Челзи и Реал Бетис се судрија пред финалето на Конференциската лига во Вроцлав, што предизвика интервенција на полската полиција која употреби солзавец. Судирите избувнаа пред баровите, каде што навивачите фрлаа столчиња и други предмети, а насилството ескалираше до тој степен што полицијата мораше да реагира за да спречи понатамошни нарушувања на јавниот ред и мир. Во Вроцлав има …

Continue Reading

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа начлен 74 став 2, 3 и 4 одСтатутот на Општина Охрид, како и член 17 од законот за младинско учество и младински политики, Локалното младинско собрание на Општина Охрид објавува:   ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД   1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе …

Continue Reading

Финале во Конференциската лига: Челзи за историја, Бетис за прв европски трофеј

Финалето од четвртата сезона на Конференциската лига, најмладото европско клупско натпреварување, е закажано за вечерва во 21:00 часот во Вроцлав. За трофејот ќе се борат Челзи и Бетис. Челзи изгледаше како главен кандидат за титулата од почетокот на лигашката фаза, а тимот на Енцо Мареска пристигна во Полска со цел да постигне уникатен успех. Со триумф, „сините“ ќе станат првиот …

Continue Reading

Маркус Рашфорд е пред портите на Барселона

Шпанските медиуми објавуваат вести за нов потенцијално голем трансфер од Барселона. Матео Морето, новинар на „Релево“, тврди дека каталонскиот гигант силно го сакаат Маркус Рашфорд, 27-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед, кој ја помина втората половина од сезоната на позајмица во Астон Вила. „И тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко го ценат, а Барселона веќе еднаш сакаше да го доведе. …

Continue Reading

Зеленски пристигна во Берлин, Мерц му ветува посилна воена и политичка поддршка

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес во Берлин ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти германската влада, како дел од дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Мерц ќе го пречека украинскиот претседател со воени почести напладне во среда, се вели во соопштението на владата. „Фокусот на посетата ќе биде поддршката на Германија за Украина, како и напорите …

Continue Reading