Еми Мартинез си оди од Астон Вила

Најдобриот голман во светот, според ФИФА, Емилијано Мартинез, емотивно го доживеа крајот на натпреварот против Тотенхем. Астон Вила во претпоследното коло го победи Тотенхем со 2:0 и остана во трката за место во Лигата на шампионите. Дуелот од претпоследното коло беше последен за Вила оваа сеозна пред домашната публика. Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, рече „ќе видиме“ кога беше …

Continue Reading

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

На завршниот мобилизациски собир на ДУИ во Арачиново, лидерот Али Ахмети испрати остри политички пораки до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за обиди да се загрози соживотот и мултиетничкиот карактер на државата. Во преполна сала со граѓани, Ахмети го искористи говорот за да ја заокружи кампањата на ДУИ и да реагира на најавените промени на закони кои, според него, директно …

Continue Reading

Менаџерот на Олмо негира дека преговара со Манчестер сити

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо се повеќе се поврзува во странските медиуми со трансфер од Барселона во Манчестер сити. Поранешниот играч на Динамо пристигна во Барселона минатата година за 55 милиони евра. Менаџерот на фудбалерот, Енди Бара за германски „Скај Спорт“, откри какви се плановите на неговиот клиент. „Во моментов не разговараме со ниту еден друг клуб освен со Барселона. Дани …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за модуларната болница е срамна и политички мотивирана

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на судската пресуда за трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која во септември 2021 година животите ги загубија 14 лица. Од партијата ја оценија пресудата како срамна и донесена под политички притисок од страна на СДСМ и ДУИ. Во партиското соопштение се посочува дека казната затвор од една година и шест месеци за поранешните директори на …

Continue Reading

„Ајде, слушаш слушај…“ одекна во Белград, македонската култура доби свој дом

Со свечена програма насловена „Ајде, слушаш слушај…“ синоќа во Белград беше отворен македонскиот Културно-информативен центар – новото седиште на македонската култура, јазик, уметност и традиција во српската престолнина. На отворањето присуствуваа бројни гости од културниот и политичкиот живот на двете земји, а свои обраќања имаа потпретседателот на македонската влада Иван Стоиљковиќ, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, српскиот министер …

Continue Reading

Маж спречен да ја убие поранешната сопруга и себеси откако детето заминало на екскурзија

Основниот суд на округот Брчко одреди притвор за 52-годишниот Е. С. за продолжено кривично дело семејно насилство и нелегално поседување оружје или експлозиви. Како што утврди Обвинителството, по месеци малтретирање, тој се заканил дека ќе ја убие својата поранешна сопруга. Основниот суд на округот Брчко му одреди едномесечен притвор на Е. С. од Брчко поради основан страв дека осомничениот, доколку …

Continue Reading

Вреди: Ахмети не може да се спаси ни со нови зделки

Коалицијата Вреди жестоко го нападна ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, обвинувајќи ги за политички манипулации, корупција и обид за спас преку нови задкулисни зделки. Според Вреди, „времето на Ахмети е завршено, а Албанците веќе не се подготвени да се залажуваат со празни ветувања и темни сценарија“. Во нивното денешно соопштение, Вреди посочува дека ДУИ се обидува да се одржи …

Continue Reading

На заробените Украинци им вадат и бушат нокти, им сечат прсти, им вадат очи со лажица…

Војната во Украина, која започна во февруари 2022 година со руската инвазија, трае повеќе од три години и има сериозни последици за украинското население. Според податоците на Обединетите нации, во тој период биле убиени најмалку 12.900 цивили, додека околу 14.000 луѓе завршиле во заробеништво. Украинските вооружени сили претрпеа огромни загуби – се проценува дека повеќе од 80.000 војници беа убиени, …

Continue Reading

Девет мртви откако руски дрон удри директно во патнички автобус

Девет цивили загинаа, а четворица се повредени кога руско беспилотно летало утринава нападнало патнички автобус во близина на градот Билопиља, во североисточниот дел на Украина, соопшти регионалната воена управа на Суми. Според првичните информации, автобусот се движел кон Суми – главниот град на регионот, кога околу 06:17 часот бил погоден од руски дрон од типот „Лансет“. Нападот се случил само …

Continue Reading