За еден ден казнети 968 возачи

За еден ден, полицијата вчера казни 968 возачи и пешаци. МВР информира дека во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, вчера биле  издадени 968 платни налози. Од нив, поради непочитување на пропишаната брзина на движење беа изречени 636 платни налози, а за неправилно паркирање 57. Санкционирани се и 29 прекршоци …

Continue Reading

Ретроспективна изложба на Анета Светиева во Даутпашиниот амам

Националната галерија го најавува претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот. Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна …

Continue Reading

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата се соочил со многу предизвици, но како што рече испорачуваат резултати за подобар живот за граѓаните. „Нешто повеќе од 10 месеци од формирањето на новата Влада, некаде околу 1 година од завршување на изборите, период кој би рекол полн со …

Continue Reading

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 % во однос на одлуката од 05.05.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: …

Continue Reading

Евробаскет 2029 во Грција

По 34 години, Грција во 2029 година повторно ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка. Според грчките медиуми, земјата ќе биде домаќин на финалето на Евробаскет 2029 година. Грција ги победи Шпанија, Литванија и Словенија во жесток процес на лицитирање, додека Германија се повлече уште порано. Грција ќе биде домаќин и на групната фаза и на финалето на Европското …

Continue Reading

„Нема ‘голи’ фустани на црвениот тепих“: Канскиот филмски фестивал воведува построги правила

Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал, организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува Дејли Меил. Новите правила диктираат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки. Во последниве години, некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените „голи“ фустани. За да се обезбеди поголема „пристојност“, организаторите одлучија да забранат вакви …

Continue Reading

Почнува процесот за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје

Министерството за животна средина и просторно планирање започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата. Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од страна на општините Струга и Вевчани, месните заедници и невладиниот …

Continue Reading

Промоција на романот „Арагон“ од Михајло Свидерски

Вечерва, 12 мај, во 19 часот, на Саемот на книгата, во Арена Борис Трајковски, на штандот на издавачката куќа Антолог, ќе се одржи промоцијата на романот од македонскиот писател Михајло Свидерски. Промотор ќе биде младиот македонски писател на крими романи Анде Јанков. Романот „Арагон“ е структуриран во три поглавја, Овој свет (Олам ха Зе), Светот што ќе дојде (Олам ха …

Continue Reading

Француската иновативна танчерска претстава MYSELVES ќе го затвори Танц-фест

Дваесет и првото издание на Танц-фест ќе биде затворено утре, 13 мај, со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES“, на француската група K. DANSE Настанот ќе се одржи со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот …

Continue Reading