Двајца исчезнати во Скопје, едното е дете

Две лица во текот на изминатото деноноќие биле пријавени за исчезнати во Скопје. Во првиот случај, во Гази Баба, Х.И.(24) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ј.И.(19), која имала здравствени проблеми. Второто исчезнување било пријавено денеска во 2.50 часот. Во Полициска станица Бит Пазар, А.Б.(50) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син А.Б.(14). …

Continue Reading

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6 мај, малолетно дете било нападнато во Ѓорче Петров од страна на негов соученик.  Друг малолетник, како што информираа од полицијата, настанот го снимил и го пуштил на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Се заглавил во машина за бетон: загина работник од Бангладеш, кривична за сопственикот на фирмата

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“. Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за …

Continue Reading

Маж од Кочани ја следел поранешната партнерка: и се заканувал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Кочани. Toj се сомничи п за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот ја следел неговата поранешна партнерка и ѝ праќал пораки со заканувачка содржина.

Continue Reading

Двајца повредени, едниот потешко, во сообраќајка во Скопско

Во СВР Скопје вчера околу 12.40 часот било пријавено дека на локален пат с.Арачиново – с.Орланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(25) од с.Брест, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(42) од с.Бардовци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „цитроен“, …

Continue Reading

Прегазен малолетник во Гостиварско

Вчера околу 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „сеат леон“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(39) од с.Добридол, удрило во малолетен пешак од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Continue Reading

САД и Велика Британија постигнаа трговски договор

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Тру Соушал“ и потврди дека Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство постигнале трговски договор. „Договорот со Обединетото Кралство е целосен и сеопфатен и ќе ги зајакне односите меѓу Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство уште многу години. Поради нашата долга историја и сојузништво, голема чест е што Обединетото Кралство е наша …

Continue Reading

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски, тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најави дека е можно евентуално дополнително проширување на истрагата, но тоа би зависело и од доказите што ќе бидат обезбедени. Коцевски соопшти дека обвинителите во Скопје и во Кочани се’ уште вршат распити, се сослушуваат сведоци, но не би …

Continue Reading

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани и да не ја политизира трагедијата

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе го достави Законот за Кочани со кој се предвидува финансиски надоместок и поддршка за семејствата што загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани, како и за семејствата што имаат свој член повреден во стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање. Тој …

Continue Reading