Њујорк Тајмс: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија
Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија за „Њујорк тајмс“ три извори запознаени со плановите. Кратко по објавувањето на веста, британската фунта порасна за 0,4% во однос на американскиот долар, според „Скај њуз“. Трамп претходно најави дека денес ќе објави голем трговски договор во Овалната соба, без …
Continue Reading
(Видео) Санацијата на старата канализација откри тајни премини на Дубровничка Република
Реновирањето на канализацискиот систем стар повеќе од 500 години под историското јадро на Дубровник, вредно нешто повеќе од еден милион евра, е успешно завршено по две и пол години. Работниците рачно ги чистеле историските канали под Страдун и градските ѕидини, во исклучително опасни услови, откривајќи не само загрижувачки количини отпад, туку и тајни премини од ерата на Дубровничката Република, јавува …
Continue Reading
Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена
Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по локално време кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот. Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека еден административен службеник на универзитетот бил убиен на местото на настанот. Обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба. Варшавската …
Continue Reading
Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник е жив, за тројца постои сомнеж
Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Има уште тројца за кои, за жал, има сомнеж дека се живи“, рече тој во видео порака објавена на неговиот профил на Икс мрежата. Нетанјаху изјави дека Израел „нема да се откаже од ниту еден од нив“. Тој, исто …
Continue Reading
Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална Москва не одговорила на понудата. „Понудата на Украина за прекин на непријателствата и воспоставување прекин на огнот од најмалку 30 дена останува на сила. Ние не го повлекуваме овој предлог, кој би можел да ѝ даде шанса на дипломатијата“, рече …
Continue Reading
Четири знаци ги очекува голема заработка: нема да знаат што да прават со парите
Тие влегуваат во постабилен финансиски период, па затоа не мора да се грижат за пари. Ако се прашувате кој ќе има среќа кога станува збор за пари, тоа се хороскопските знаци: Близнаци, Овен, Девица и Стрелец. Близнаци Влегувањето на Венера покрај Марс во вашата втора куќа ви носи бонуси, но и дополнителна заработка. Преку лице родено под знакот на Рак, …
Continue Reading
Дел од Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа на улицата Филип Втори (пред хотелот Холидеј ИН) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Филип Втори, Мирче Мацан, Мирче Ацев и Кеј 13 – Ноември, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато …
Continue Reading
Дел од Батинци денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Батинци, општина Студеничани. Корисниците ќе бидат без струја од 08:30 до 13:30 часот.
Continue Reading
(Видео) Каролина со нова песна и спот – „Мог живота дио“
Каролина Гочева вчера во 19 часот на својот официјален Јутјуб канал го објави најновиот видеоспот за песната „Мог живота дио“. Позади песната стои Дино Мухаремовиќ (музика и текст), кој е автор и на последниот сингл на Каролина, ,,Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор и долгогодишен соработник на Каролина. Песната е …
Continue Reading