(Видео) Хутите најавија нови напади врз израелските аеродроми, вчера беа повредени три лица

Јеменските Хути ги повикаа сите меѓународни авиокомпании да ги „земат предвид“ нивните планови за напад врз израелските аеродроми. Имено, синоќа тие објавија дека работат на воведување „сеопфатна воздушна блокада“ на Израел со постојано таргетирање на израелските аеродроми. بيان القوات المسلحة اليمنية بشأن إعلان فرض الحصار الجوي الشامل على الاحتلال الإسرائيلي رداً على تصعيده الأخير بقرار توسيع العمليات العدوانية على #غزة.#الميادين#اليمن …

Continue Reading

Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на сите филмови произведени надвор од САД и увезени на американскиот пазар. „Филмската индустрија во Америка многу брзо умира. Други земји нудат секакви стимулации за да ги привлечат нашите филмски работници и студија надвор од Соединетите Американски Држави. Холивуд и многу …

Continue Reading

Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Вучиќ се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може …

Continue Reading

Португалија ќе протера 18.000 нелегални мигранти

Привремената влада на Португалија планира да протера околу 18.000 странци кои живеат во земјата без дозвола, објави Асошиејтед Прес. Министерот за претседателство, Антонио Леитао Амаро, објави дека централно-десничарската влада ќе издаде приближно 18.000 известувања до луѓето што живеат нелегално во земјата да ја напуштат. Тој додаде дека оваа недела 4.500 странци ќе бидат повикани доброволно да заминат во рок од …

Continue Reading

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и топло со …

Continue Reading

Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.30 часот, објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците Драчевска, Андреја Петковиќ, Славка Динкова, Гандиева, Ниже Планина, Јакупица, Атанас Разлов и корисниците од околните стопански и нестопански објекти, општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. …

Continue Reading

Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот Н.А. од Скопје, кој што при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од …

Continue Reading

(Видео) Болоња и Јувентус ремизираа – Четири тима се борат четвртото место

Фудбалерите на Болоња и Јувентус одиграа возбудлив натпревар од 1:1 на „Ренато далара“ во недела навечер. Ова беше директен дуел помеѓу екипи кои се борат за Лигата на шампионите. Во преостанатите три кола ќе има неверојатно возбудлива борба на четири екипи за четвртото место. Претходно, Рома продолжи да прави чуда, остана непоразена и 19-ти натпревар по ред, победи по 15-ти …

Continue Reading