Почина возач, со автомобил излетал од патот

Вчера во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана …

Continue Reading

Во чест на загинатите во Пулс во Кочани се возеа велосипеди

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите во клубот Пулс, што заеднички ја организираа нивните семејства и Општина Кочани. Учесниците, меѓу кои имаше деца и родители на жртвите, возеа на кружна патека во должина од 15 километри во правец на селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог, а …

Continue Reading

Сообраќајка го затвори патниот правец Дебар-Струга

Сообраќајот на патниот правец Дебар – Струга е во прекин во двата правци поради сообраќајна несреќа. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 14.30 часот.

Continue Reading

Приведени две лица сторители на 14 тешки кражби во Радовиш

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Радовиш ги лишија од слобода лицата С.Р.(32) и С.А.(28) и двајцата од Радовиш. Како што информира МВР, лицата се осомничат дека во текот февруари, март и април годинава извршиле 14 кривични дела „тешка кражба“ во колонијални продавници и маркети во населени места на подрачје на Струмица. Констатирано е и дека извршиле три кривични …

Continue Reading

Автобус удри во лице со инвалидска количка во Струга

Автобус со охридски регистерски ознаки удрил во лице со инвалидска количка во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, незгодата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување. Во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 11:25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, …

Continue Reading

Јан Облак без рамен во Ла Лига го прескокна Икер, следен е Зубизарета

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари.  На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари …

Continue Reading

Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина

Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина во текот на ноќта, соопшти украинската војска. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека 80 од дроновите исчезнале од радарот, веројатно поради мерки за електронско војување преку кои тие биле пренасочени, или биле мамки што не носеле експлозиви. Најмалку 11 лица се повредени во рускиот напад со …

Continue Reading

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, но и на својот фејсбук профил искажа почит кон македонскиот револуционер. Како што наведува Сиљановска Давкова, Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина. -Со длабока почит, по повод 122-годишнината од смртта …

Continue Reading

Инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени најави Мицкоски

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот на инвестиција се очекува за една до две недели. Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски повтори дека една од примарните цели на Владата е номиналниот БДП да биде над 20 милијарди долари …

Continue Reading