Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. „На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Прегазен пешак на автопатот Скопје-Тетово
Синоќа на автопатот Скопје-Тетово, автомобил „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.С.(37) од Скопје, удри во пешакот Ј.Р.(71) од селото Врапчиште, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид.
Continue Reading
Шеестгодишна струмичанка удрена од електричен тритинет, се здоби со тешки повреди
На 30 април во 16.25 часот во полицијата во Струмица било пријавено дека во 14.55 часот на тротоар на булеварот Маршал Тито лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот 62-годишната К.К. од Струмица. Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Continue Reading
Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија
Владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев денес учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија. „Силен впечаток остави точката и настапот на националниот ансамбл Танец кои го отворија денешниот ден. Македонскиот павилјон изобилува со традиционални изложби, …
Continue Reading
Украина за стратешкиот договор со Америка: „Ова е пресвртница“
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, го поздрави договорот за минерали потпишан со Соединетите Американски Држави како важна пресвртница во односите со Вашингтон и рече дека за тоа го информирал шефот на дипломатијата на Европската унија. Договорот, за кој силно се залагаше американскиот претседател Доналд Трамп, а беше потпишан вчера во Вашингтон, на САД ќе им даде повластен пристап …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Левица да каже како од левичарска партија се стекна со имот вреден 1 милион евра за 400 000 евра
Партија која гласно се претставува како борец за правда наеднаш се здобива со имот кој вреди 1 милион евра, а Апасиев го купува за 400 000 евра, и притоа манипулира како тоа било подрум, подрум од 409м2, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на Левица. „Левица глумат револуционери и како тие ќе го ‘спасат’ системот преку театрални настапи, кои инаку се популистички, …
Continue Reading
Откриено е што му рекол Зеленски на Трамп на погребот на папата Франциско
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги искористил 15-те минути со претседателот на САД, Доналд Трамп, на погребот на папата Франциско за да се обиде да го убеди да заземе поостар став кон Владимир Путин и да се фокусира на прекинот на огнот, дознава известувачот на Аксиос, Барак Равид од два извори запознаени со средбата. Според овие извори, украинскиот претседател имал сериозни …
Continue Reading
„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра
Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на првомајскиот протест повика на зголемување на платите за работниците. Беа побарани достоинствени услови за работа и почитување на колективните договори. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат. „Денеска протестираме …
Continue Reading
Америка инвестира половина милијарда долари во развој на универзални вакцини
Соединетите Држави инвестираат 500 милиони долари во проект за вакцини, со цел да се развијат универзални вакцини кои штитат од повеќе видови на вируси одеднаш, објави „Волстрит журнал“. Проектот вклучува производство на вакцини од хемиски инактивирани цели вируси, што потсетува на начинот на кој вакцините против грип беа развиени пред неколку децении, соопшти Волстрит журнал. Овој потег е дел од …
Continue Reading