(Фото) „Ова не е Октоберфест“ – Германски политичар критикуван од тоа што направи на погребот на папата

Откако објави селфи на социјалните мрежи на кое се гледа како се смее пред погребот на папата Франциск во Ватикан, баварскиот премиер Маркус Зодер се соочи со критики. „Тукушто слетав во Рим: сега сме во конвој со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на пат кон Ватикан за погребот на папата Франциск“, објави Маркус Зодер на „X“ заедно со фотографија на која …

Continue Reading

Каде е Кралот Чарлс? Отсуството од погребот на папата Франциск ја откри вековната тајна на британската круна

Додека државни лидери, кралски височества и високи црковни великодостојници денеска му оддаваа последна почит на папата Франциск во Ватикан, отсуството на британскиот крал Чарлс привлече особено внимание и отвори бројни прашања: зошто монархот не присуствуваше на церемонијата? Иако кралот Чарлс важи за еден од највлијателните светски лидери, неговото отсуство не е случајно – тоа е диктирано од вековна традиција и …

Continue Reading

Убиени 10 лица, половина од нив деца во израелскиот напад на Газа

Најмалку 10 лица, меѓу кои три жени и пет деца, загинаа утрово во израелски воздушен напад врз трикатна зграда во западниот дел на градот Газа. Болницата Шифа, која ги прими телата, потврди дека половина од жртвите се деца. Израелската армија соопшти дека целта на нападот било скривалиште на милитанти на Хамас, но бројот на цивилни жртви предизвика нов бран загриженост …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тргнал по стапките на Заев, на Македонија не ѝ требаат нови предавства

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на денешното интервју на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кое тој зборуваше со гордост за поранешниот премиер Зоран Заев. Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче покажал „безрезервна лојалност“ кон Заев, кого го нарече пример од кого треба да се учи. Од партијата обвинуваат дека Филипче го велича човекот кој, според нив, извршил најголемо предавство на националните интереси. „За …

Continue Reading

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја носи државата во економска и општествена бездна! СДСМ ќе се бори за враќање на довербата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека судот за тоа дали тој ќе успее да ја направи СДСМ повторно победничка партија ќе го дадат граѓаните. Тој нагласи дека неговата задача е да ја консолидира партијата и да продолжи по започнатиот пат на обнова. „Сè уште има многу простор за работа, а …

Continue Reading

Намамил Црногорци дека ќе ги лекува и им зел 50.000 евра

Во голема полициска акција спроведена од Министерствата за внатрешни работи на Сараевскиот и Тузланскиот кантон, со поддршка на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина, беше уапсен 39-годишниот М.Х., осомничен за тешка кражба на околу 50.000 евра. Според информациите од истрагата, М.Х. на 19 април 2025 година, во близина на Железничката станица во Сараево, украл пари од двајца …

Continue Reading

(Видео) Меланија го спаси Доналд Трамп од дипломатски гаф на погребот на папата

Меланија Трамп мораше да интервенира и да му помогне на Доналд Трамп да ја надмине непријатната ситуација на погребот на папата Франциск, откако американскиот претседател речиси направи дипломатски гаф. Повеќе од 250.000 ожалостени се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да му оддадат почит на папата Франциск, кој почина од мозочен удар на 88-годишна возраст на Велигденски понеделник. Меѓу присутните …

Continue Reading

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен …

Continue Reading

(Фото) Фон дер Лајен се пофали дека се ракувала со Трамп пред базиликата

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија да се сретнат за време на краткиот разговор пред погребот на папата Франциск во Ватикан. Портпаролката на Урсула фон дер Лајен ја потврди информацијата, објаснувајќи дека состанокот нема да се одржи денес и дека во моментов нема дополнителни детали за времето и локацијата на состанокот. …

Continue Reading