Лик од Македонија ќе се појави во новата епизода на „Симпсонови“
Лик од Македонија ќе се појави во новата епизода на анимираната серија „Симпсонови“. Креаторите на серијата одлучиле да внесат спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. Во епизодата е вклучен тим од земјата. Се работи за сестрите Невена и Калина Нешкоска и нивниот брат Наум, кои заедно го водат едукативниот канал, Дарко Биберко. „Учествувавме во преводот, јас …
Continue Reading
Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори
На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори. Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил …
Continue Reading
Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај
Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија дека во зависност од здравствената состојба на повредените, a според однапред утврден распоред, навремено ќе ги известат за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување. Во моментот се прибавуваат и сите контактни и адресни податоци …
Continue Reading
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и побегна
Дваесет и четиригодишник од Охрид управувал со возилото со кое беше прегазен пешак синоќа на улицата Гоце Делчев во градот. Тој со својот автомобил удрил во 59-годишниот Е.С. од Охрид кој се здобил со тешки повреди, па го напуштил местото. „По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко …
Continue Reading
Кривична за тројца полицајци од Кочани поради злоупотреба на службената положба, а во врска со дискотеката „Пулс“
Полицијата поднесе кривична пријава против тројца полициски службеници со иницијали К.Б., Г.Л. и А.Т. поради злоупотреба на службената положба, а во врска со дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од МВР велат дека првопријавениот К.Б., како помлад инспектор-водич на безбедносен реон во Полициската станица Кочани на 7 октомври пред две години, и второпријавениот Г.Л. како инспектор за прифат-сменоводител во Полициската станица Кочани …
Continue Reading
Се одржа Јавна презентација на Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за периодот 2025 -2029 година
Денеска во салата на Советот на општина Струмица се одржа Јавната презентација и Јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица за периодот 2025 -2029 година. Планот го изготви Центарот за климатски промени во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република …
Continue Reading
Скопјанец со мотор удри во 10-годишно девојче на Џон Кенеди
Денеска (25.04.2025) полициски службеници го лишија од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче. Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен …
Continue Reading
Се огласи антикорупциската комисија: „Продолжуваме редовно да функционираме“
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се огласи по вклученоста на нивната претседателка, Татјана Димитровска, како осомничена во истрагата за случајот „Адитив“. Од ДКСК велат дека во рамки на своите надлежности, продолжуваат да функционираат редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со …
Continue Reading
Пукање на Бит Пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице
Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит Пазар, потврдија од полицијата за „Макфакс“. На терен има полициски службеници и екипи на брзата помош. Повреденото лице е пренесено на ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот биле најдени повеќе чаури, а засега нема официјални информации за …
Continue Reading