Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово
Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување, извести АМСМ. Сообраќајот на државните …
Continue Reading
(Видео) Украинците нападнаа објект со беспилотни летала 1.000 километри длабоко во Русија
Украинската војска вчера вечер соопшти дека погодила постројка за производство на беспилотни летала со долг дострел во Татарстан, оштетувајќи ја клучната монтажна линија. Од почетокот на тригодишната војна, Русија интензивно користи Шехид, ирански автономни камикази беспилотни летала, како и други видови беспилотни летала за напади низ Украина. Drones reportedly attacked Yelabuga in Russia’s Tatarstan on 23 April. Iranian-designed Shahed drones …
Continue Reading
Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се договориме со Зеленски“. Трамп оваа изјава ја даде од Овалната соба за време на потпишувањето на извршните наредби. Набргу потоа, тој покажа поголем оптимизам, велејќи: „Мислам дека имаме договор со двете страни“, додавајќи: „Се надевам дека ќе го направат тоа“. …
Continue Reading
Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово. Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт. „Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што одговара на вистинските потреби …
Continue Reading
Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнува кампањата „Заедно повеќе знаеме“
Вчера дел раководството на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организациониот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово. Темите на оваа средба се раководството на партијата директно …
Continue Reading
Аеродром и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците во Кисела Јабука ул. 44,46,54,62,64,66,68 во општина Ѓорче Петров; – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ул.Горно Лисиче (од Феромонт инженеринг кон Долно Лисиче) во општина Аеродром.
Continue Reading
Без вода делови од Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиена информација од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека денеска (четврток): · поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Благоја Стефковски 152, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Благоја Стефковски и населбата Хиподром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со …
Continue Reading