Салма Хајек гордо го покажа својот природен изглед во објава на Инстаграм

Мексиканско-американската актерка Салма Хајек и на 58 години важи за една од најубавите жени на светот, а со новите фотографии од одморот уште еднаш покажа дека не се плаши од стареење – гордо позираше без шминка и со видлива седа во темната коса. На својот Инстаграм профил таа сподели серија опуштени фотографии од патувањето, меѓу кои и оние на кои …

Continue Reading

Трамп го нарече Клуни „актер од втор ред“, тој му одговори

Џорџ Клуни му возврати на Доналд Трамп со едноставна порака откако американскиот претседател го нарече „актер од втор ред“. Во јули минатата година, Клуни напиша авторски текст за Њујорк Тајмс, во кој се опиша себеси како „доживотен демократ“ и го повика тогашниот претседател Џо Бајден да се откаже од трката за партијата да има поголеми шанси да го победи Трамп. …

Continue Reading

Ди Каприо за папата Франциско: Тој беше еден од најневеројатните духовни водачи на нашето време

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо му оддаде емотивна почит на папата Франциско откако Ватикан ја објави веста за неговата смрт во понеделникот на Велигден. „Папата Франциско беше лидер кој донесе големи промени“ Ди Каприо (50) сподели фотографии од себе и папата Франциско на социјалните мрежи со порака: „Папата Франциско беше лидер кој донесе големи промени – не само за Католичката …

Continue Reading

Маск ќе поминува помалку време работејќи за администрацијата на Трамп почнувајќи од мај

Извршниот директор на Тесла и близок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, рече дека почнувајќи од мај ќе посвети многу помалку време на водењето на Комисијата за владина ефикасност (DOGE), која Трамп ја основа за да ги намали федералните трошоци. „Веројатно почнувајќи од следниот месец, почнувајќи од мај, времето што ќе го посветам на DOGE ќе биде значително …

Continue Reading

(Видео) Илјадници луѓе се молат за папата Франциско на плоштадот Свети Петар

Илјадници католици присуствуваа на молитвата за папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан во знак на почит на поглаварот на Римокатоличката црква кој почина во понеделникот. Голем број новинари се собраа во близина на плоштадот, кампуваа да ги следат случувањата околу погребот на папата. Thousands pray for Pope Francis in St. Peter’s Square pic.twitter.com/wm6VVNCC51 — Catholic Arena (@CatholicArena) April …

Continue Reading

Израелската војска: Од Јемен е истрелана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена е воздушна тревога во Хаифа и уште неколку места на северот на Израел. „Пресретнувачот е лансиран кон проектилот и веројатно успешно го пресретнал“, објави војската на Телеграм. Од почетокот на војната во Газа, која започна со напад на Хамас врз …

Continue Reading

Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина …

Continue Reading

„Ова не е нормално“: Џорџ Клуни ги збуни фановите со необична исповед за бракот со Амал

Џорџ Клуни (63) е во брак со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47) повеќе од десет години, а холивудската ѕвезда се уште стои на своето тврдење дека никогаш не се скарале. Зборувајќи за Гејл Кинг на CBS Mornings, актерот призна дека тој и Амал сè уште не се скарале, што изненади многу обожаватели. Тој се присети и на последното …

Continue Reading

Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. …

Continue Reading