Пукање пред хотел Хилтон во Берлин на велгиденското утро, има ранети
На Велигден имало пукање пред хотелот Хилтон во Берлин. Според првичните информации, најмалку едно лице е повредено. Пукањето се случило околу пет часот наутро, а засега не се знае кој бил мотивот за пукањето и колку точно истрели биле испукани. Според медиумите, најмалку едно машко лице е повредено. Првите податоци од истрагата покажуваат дека во престрелката учествувале најмалку двајца напаѓачи. …
Continue Reading
25-годишен возач удрил во бандера во Кавадарци, бил пијан со 1,59 промили алкохол
Во раните утрински часови во саботата, 25-годишниот В.С. од Росоман бил лишен од слобода откако со автомобил излетал од патот и удрил во бандера на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 02 часот по полноќ, кога В.С. управувал патничко возило марка „мерцедес“ со кавадаречки регистарски таблички. Возилото излетало од коловозот, при што завршило …
Continue Reading
Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата
Ден Колдвел, некогаш главен советник на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, заедно со уште двајца претставници на Пентагон, изрази сомнеж за протекување информации во истрагата што доведе до нивно разрешување оваа недела. „Неверојатно сме разочарани од начинот на кој заврши нашата служба во Министерството за одбрана. Неименувани функционери на Пентагон не наклеветија по нашето отстранување“, напиша Кoлдвел на социјалната …
Continue Reading
Г.г. Стефан: Страдањето во Кочани нè соочи со суровата стварност на смртта, само надежта во воскресението ни даде утеха
Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени. Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас. Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната …
Continue Reading
(Видео) Астронаутите Овчинин, Вагнер и Петит успешно слетаа по 6 месеци поминати во Вселената
Руско-американскиот вселенски екипаж, кој повеќе од шест месеци престојуваше на Меѓународната вселенска станица, денеска се врати на Земјата со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос. Астронаутите на Роскосмос, Алексеј Овчинин и Иван Вагнер, заедно со астронаутот на НАСА, Доналд Петит, се вратиле по мисијата која започна на 11 септември минатата година. Според Роскосмос, „излезот од орбитата и …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Од велигденската светлина да црпиме сила за солидарност и човечност
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати велигденска честитка до поглаварите на верските заедници и до сите верници од христијанска вероисповед во земјава, по повод Воскресението Христово – Велигден, кој годинава се празнува на ист ден од страна на сите христијани ширум светот. Во честитките упатени до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до бискупот д-р Киро Стојанов и до претседателот …
Continue Reading
Гаши: Да изградиме мостови на разбирање и заеднички спокој – Честит Велигден!
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, упати велигденска честитка до граѓаните од христијанска вероисповед, со порака за надеж, обнова и заедништво. „Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж …
Continue Reading
(Фото) Италијанската докторка која го спаси Симон лично дојде во Штип да го прегрне
Директорката на Педијатриската клиника при Универзитетската болница во Парма, проф. д-р Сузана Езпосито, денеска пристигна во Штип за да го посети Симон Крстев – младиот штипјанец кој преживеа во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Посетата, како што соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, била остварена по покана на родителите на Симон, кои сакале лично да ѝ …
Continue Reading
Путин прогласи прекин на огнот за Велигден, Киев тврди дека Русите сѐ уште напаѓаат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја обвини Русија дека продолжува со нападите во текот на ноќта и покрај едностраното прогласување на прекин на огнот за велигденските празници. „Генерално, на Велигденското утро можеме да кажеме дека руската војска се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области продолжува да се обидува да напредува на теренот и …
Continue Reading