Се тепале две жени во кочанското село Мородвис
Вчера околу 13 часот во ОВР Кочани било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во село Мородвис, откако дошло до физичка пресметка меѓу две жителки на селото. Како што информира МВР, по претходна расправија дошло до конфликт помеѓу Л.П. (56) и Т.С. (74), при што постарата жена употребила тврд предмет. Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот …
Continue Reading
Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца
Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои беа во притвор, а се соучесници во убиството на нашите деца, прашаа родителите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред почетокот на денешниот трет протестен марш „Задоцнета реакција“ што се одржа во Кочани. Точно во 12 часот и 5 …
Continue Reading
МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни предуслови за сите туристи во претстојната сезона да уживаат во својот одмор
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“ на која се наоѓа Аеродромот во Охрид. Како што информираат од МВР, Тошковски од посетата констатирал дека има зголемување на патниците на овој граничен премин, како и на сите гранични премини во рамки на Регионалниот центар – …
Continue Reading
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Дебар
Вчера околу 12:50 часот на улицата „Иса Болетини“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 19-годишен мотоциклист, информираа од ОВР Дебар. Во несреќата учествувале патничко возило од марката „Опел Астра“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од селото Горно Косоврасти, и мопед со исто така дебарски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Дебар. …
Continue Reading
Со фалсификувана возачка дозвола сакал да помине на Табановце
СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на граничниот премин Табановце. – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.М.(47) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.03.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола, информираа денеска од Министерството за …
Continue Reading
Штипјанец возел пијан, полицијата го приведе
Полициски службеници рано утрово уапсиле штипјанец кој управувал возило со 1,55 промили алкохол во крвта, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Денеска во 01:18 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.С.(44) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.С. и по …
Continue Reading
Деветнаесетгодишно момче загина откако со БМВ излета од пат
Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил БМВ, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Струмица. Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош. Бил извршен …
Continue Reading
„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски синоќа беше премиерно прикажан во Москва, во рамки на престижниот Moscow International Film Festival (Меѓународен филмски фестивал – Москва). Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А листата на филмски фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција. Основан е во 1935 година, a …
Continue Reading
Гвардиола: Ако не влеземе во ЛШ, некои фудбалери нема да сакаат да дојдат кај нас
Манчестер сити одамна не е конкурентен во борбата за титулата англиски шампион, а до крајот на сезоната ќе води жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Им оди во прилог и податокот дека Англија следната сезона во елитата ќе биде застапена со пет клуба. За ова е свесен и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој истакна дека клубот ќе …
Continue Reading