Започна да се гради нов мега парк на површина од близу 40.000 метри квадратни
Денеска започна да се гради нов мега парк во населбата Карпош во Струмица на површина од близу 40.000 метри квадратни. Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и советниците беа на увид на почетните градежни работи. Тој е горд на овој проект за кој рече дека претставува печат на неговите заложби за справување со загаденоста на амбиенталниот воздух и раззеленување наместо бетонизација …
Continue Reading
Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани кој се лекуваше во Белград
Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична …
Continue Reading
Заталкан куршум оштетил ветробранско стакло на паркирано возило
Синоќа во 21.25 часот во СВР Скопје, С.С.(45) од с.Глумово, скопско, пријавил дека во дворот на семејната куќа во с.Глумово паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило ветробранското стакло на неговото паркирано возило „фолксваген пасат“. Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
Неколкумина повредени во сообраќајка во Струмичко
Во Полициската станица Струмица вчера во 05.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат 1402, на крстосница за селата Банско, Габрово и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица и патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(32) од село Колешино, струмичко. Во несреќата со …
Continue Reading
Загина 38-годишен маж: со мотоциклот излетал од патот
Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. …
Continue Reading
Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше, сам се пријавил во Обвинителството
Полицаецот по кој се трагаше, утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека во истрагата …
Continue Reading
Ван Дајк дефанзивец со најголема плата во Европа – Холанѓанецот потпиша нов договор
Вирџил ван Дајк потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул. Ова е уште една добра вест за фановите на „црвените“, бидејќи минатата недела нов договор потпиша и Мохамед Салах. Ван Дајк (33) веќе седум години е во Ливерпул, а оваа сезона со „црвените“ ќе ја освои втората титула во Англија, доколку до крајот на сезоната не се случи чудо. Холанѓанецот ќе …
Continue Reading
ЗНАМ: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата
За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција, изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов. На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Арбен Таравари од владиниот состав, Мемов одговори: „Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два …
Continue Reading
Започна пошумувањето на Буковиќ: Обнова на шумата и зачувување на домот на балканскиот рис
Македонското еколошко друштво, во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подружница Шар-Гостивар, започна со пошумување на пределот Буковиќ, важен природен екосистем и клучен био коридор за балканскиот рис. Акцијата за пошумување, како што информираат надлежните е во полн ек. Со заеднички напори на еколозите и шумарите се садат 21.000 садници од видот бука (Fagus sylvatica), кој според експертската проценка …
Continue Reading