Tрамп ги исклучи телефоните и компјутерите од одлуката за царините
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи реципрочните царини, вклучително и тарифите од 125 отсто за увоз од Кина, да не важат за паметните телефони и компјутерите. Царината на САД доцна во петокот објави дека оваа стока ќе биде ослободена од одлуката на Трамп за воведување царини од 10 отсто за увоз од повеќето земји и одлуката за воведување многу …
Continue Reading
Онана нема да брани против Њукасл
Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана нема да брани за „црвените ѓаволи“, денеска против Њукасл во 32. коло од Премиер лигата. Голем број релевантни британски медиуми се повикуваат на извори блиски до клубот и тврдат дека тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим не го ставил на спискот Онана за претстојниот натпревар. Натпреварот Манчестер Јунајтед – Њукасл започнува во 17.30 часот. Аморим …
Continue Reading
„Од тројцата најдобри, најдобар е Ѓоковиќ“
Патрик Муратоглу, еден од најпознатите тениски тренери, јасно и гласно вели дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња. Ѓоковиќ е член на „големата тројка“ со Федерер и Надал, но за Муратоглу нема дилема дека тој е далеку пред овие двајца. Французинот, во интервју за „Јуроспорт“ објасни зошто е тоа така. „Кога ќе ги погледнете тројцата најдобри, еден од нив …
Continue Reading
Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено
Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), на Град Скопје, дека од 17.25 до 18.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација …
Continue Reading
Герасимовски: Солидарноста не е кампања, туку начин на живеење
„Солидарноста не смее да се активира само кога ќе се случи трагедија. Таа треба да биде дел од нашето секојдневие“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на трибината „По солидарноста не препознаваат“, организирана од Здружението за заштита на правата на граѓаните „Човекот над профитот“. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар е постојано присутна таму каде што помошта е најпотребна. „Вложуваме …
Continue Reading
Принцот Хари: Полициската заштита ни беше одземена за да не’ спречат да заминеме во САД
Принцот Хари по сослушувањето за отстранувањето на полициската заштита рече дека тоа бил направено во обид да се спречи тој и неговата сопруга Меган да ја напуштат Велика Британија и да започнат нов живот во САД. Војводата од Сасекс во изјава за британски „Телеграф“ рече дека било тешко да се прифати одлуката кога му била соопштена, сугерирајќи дека тоа било …
Continue Reading
Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна
Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Германија. „Украина е многу голема европска земја, но таа е европска земја која е во војна. Земја што е во воена состојба не може да стане членка на НАТО или на Европската унија“, …
Continue Reading
Ердоган: Зачувувањето на уставниот поредок на Босна и Херцеговина е важно за Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на средбата со членовите на Претседателството на БиХ во Анталија изјави дека Анкара придава посебно значење на зачувувањето на стабилноста на Балканот, како и на заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и уставниот поредок на БиХ. На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, Ердоган се сретна со претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ …
Continue Reading
Силен земјотрес во Таџикистан
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 16 километри, на 38 километри источно од Рашт, Таџикистан. Според прелиминарните податоци има оштетувања на згради. Засега нема информации за жртви.
Continue Reading