(Видео) Односите со „Вреди“ се коалициски, одлични, рече Мицкоски кој не планира владина реконструкција
Премиерот Христијан Мицкоски не планира реконструкција на Владата пред локалните избори. Прашан од новинарите за оваа можност, а за која деновиве се зборува поради несогласувањата во коалицијата „Вреди“, Мицкоски кусо одговори „Не“. Дополнително беше прашан и какви се односите со „Вреди“, на што одговори: „Коалициски, одлични“. Претходно денес и вицепремиерот, Изет Меџити, беше прашан дали се планира реконструкција на Владата …
Continue Reading
Потребни се итни акции за спас на Преспанското Езеро, клучна соработката со владите во Грција и Албанија
Првиот вицепреммиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија Рамсар, предводена од Флоре Лафаје, која престојува во нашата земја за да даде стручни совети и препораки како да се третира и да се стопанисува со Преспанското Езеро. Езерото од 1996 година е ставено на листата на заштитени подрачја, а намалувањето на …
Continue Reading
Фетаи го поздрави конституирањето на Советот за соработка меѓу владата и Граѓанското општество
Вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска учествуваше на првата седница на новиот состав на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Со ова, формално заврши повеќегодишниот бојкот на Советот од страна на граѓанските организации, започнат како реакција на непринципиелното распределување на јавните средства од страна на претходната влада. Во своето обраќање пред членовите на Советот, …
Continue Reading
Кривична пријава против началничка во МВР – си земала бонус плата иако не исполнувала услови
Поднесена е кривична пријава за началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти за злоупотреба на службената положба. „Пријавената, на работно место началник на Одделение за обезбедување на дипломатско конзуларно претставништво, а во моментот на извршувањето на делото на работно место началник на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации при МВР, ја злоупотребила службената положба …
Continue Reading
Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон
Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон, пренесува Фабрицио Романо. Фудбалскиот инсајдер на својот профил на социјалната мрежа „Х“, објави дека Јуриќ го напушта клубот кој не успеа да го задржи во Премиер лигата. Неговиот мандат во Саутемптон траеше од крајот на декември минатата година, односно 108 дена. Јуриќ потпиша 18-месечен договор со англискиот премиерлигаш откако го раскина договорот …
Continue Reading
ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА БЛАГОЈЧЕ КРСТАНОСКИ
Делегација на Општина Охрид денеска во село Ливоишта положи цвеќе пред спомен плочата посветена на Благојче Крстаноски, а по повод одбележување на годишнината од неговата смрт. Професионалниот војник и граничар во АРМ, Благојче Крстаноски во 1999 година беше убиен кај Горно Блаце. Причините за неговата смрт до денес не се разјаснети. Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге …
Continue Reading
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат, инфлацијата во март е намалена
Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. „Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и се намалуваат. На годишно ниво во март 2025 година споредено со март 2024 …
Continue Reading
Од полноќ пониски цени на бензинот, дизелот, мазутот и екстра лесното масло за домаќинство
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87 отсто во однос на одлуката од 1 април. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,730%, кај дизелот за 1,046%, кај екстра лесното масло за 1,189% …
Continue Reading
Народниот театар- Штип на 10 април ќе гостува во Гевгелија со претставата „Јас, на некое друго место“
На 10 април 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде изведена театарската претстава „Јас, на некое друго место“ од репертоарот на Народниот театар при НУЦК „Ацо Шопов“- Штип. Претставата ќе започне во 20:00 часот. Влезот чини 200 денари. Билетите се пуштени во продажба и можат да се набават во просториите на Народниот театар- Гевгелија во периодот од 08:00 до …
Continue Reading