Семејствата на повредените од трагедијата во Кочани, кои се наоѓаат во Скопје, се поканети на ифтарска вечера во паркот во Чаир
Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на повредените од трагедијата во Кочани, кои се наоѓаат во Скопје, да им се придружат на ифтарска вечера во паркот во Чаир, пренесе ТРТ Балкан. „Ги покануваме и семејствата на сите лица кои беа погодени од трагедијата што се случи во Кочани да ни се придружат на ифтарската софра во паркот на Чаир, доколку …
Continue Reading
Штип се прости од петтемината свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани
Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов. Црквата „Успение на Пресвета Богородица во штипско Ново Село, Црквата „Света Троица“ на Гробиштата во Штип и Соборниот храм „Свети Никола“ се трите локации каде граѓаните се простуваа од своите …
Continue Reading
Кочани, „Беса транс“, тетовската болница, Ласкарци: Изет Меџити ветува правда за сите трагедии
Првиот вицепремиер, Изет Меџити, вети дека ќе има правда не само за трагедијата со пожарот во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а над 100 беа повредени, туку и за другите тешки случаи што ја потресоа земјата, како несреќата со „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово и трагичната несреќа во Ласкарци. Тој нагласи дека Северна Македонија доживеала многу …
Continue Reading
ССНМ го осудува неетичкото известување на некои од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани
ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани И покрај сите предупредувања и договорениот Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани денес е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот кој со направија Владата на РСМ, …
Continue Reading
Медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги отстранат содржините и да не ги шират, апелираат од Владата
Владата апелира медиумите да се придржуваат до етичките принципи. „Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи. Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние …
Continue Reading
Јапонија обезбеди пласман на Светското првенство
Фудбалската репрезентација на Јапонија официјално се пласираше на Светското првенство следната година, откако ја оправда улогата на фаворит на домашен терен со победата над Бахреин со 2:0. Уште пред денешната пресметка во Саитама се знаеше дека „Самурајите“ се блиску до седмото последователно учество на планетарниот шампионат, а сите дилеми беа решени со очекуваната победа. Јунак на јапонскиот триумф беше првотимецот …
Continue Reading
„Сите те сакаа тебе златно дете“ – музичкото училиште во Струмица се прости со тапанарот на ДНК
Во основното музичко училиште во Струмица се одржа Комеморација за Џоко Ѓоргиев, тапанар на групата ДНК кој загина во пожарот во Кочани, а вработен во музичкото училиште ,Боро Џони“ во Струмица. Неговите колеги и пријатели го поздравија со едноминутно молчење. Директорката на музичкото во Струмица, Клара Патарова, рече дека поради неговиот поздрав наутро „Goоооod morning“ ѕвонеле нивните срца секојдневно. Неговиот …
Continue Reading
Неетичко известување од српски медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ реагираа на неетичко известување на српски, регионални медиуми и претставници на странски дописници за погребот во Кочани. Повикаа да ја почитуваат приватноста на семејствата на жртвите и да не објавуваат фотографии и видеа кои вознемируваат. Дел од српските и некои хрватски медиуми објавија фотографии од …
Continue Reading
Kривична за струмичанец поради обидот за убиство во Ново Село
Струмичката полиција поднесе кривична пријава за М.М.(47) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 13.02.2025 во угостителски објект во с.Ново Село, пријавениот со остар предмет го нападнал Ѓ.Д. и му нанел повреди.
Continue Reading