Умре колега на кој треба да му се изигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош Иле Гоцевски, кој трагично почина по неуморната и тешка работа за помош на повредените млади луѓе. Бурназов на социјалните мрежи напиша дека заедно неговиот драг и непрежален колега Гоцевски 24 часа го оставиле срцето на терен. „На раце ми останаа телата на безброј деца и …

Continue Reading

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите, бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења …

Continue Reading

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти. „Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите …

Continue Reading

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ, студентите не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите, порачаа од Независното студентско собрание

Штотуку ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен, соопштија од Независното Студентско Собрание на УКИМ. „Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски. Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме зависниот …

Continue Reading

Итна седница на Советот на општина Гази Баба

Денеска со почеток во 12:00 часот, по барање на градоначалникот Бобан Стефковски, Советот на општина Гази Баба ќе одржи итна седница со единствена точка на дневен ред: Одлука за доделување на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Градоначалникот Бобан Стефковски претходно извести дека се потпишал во книгата на жалост која е отворена во Собранието на Република …

Continue Reading

Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско кој беше хоспитализиран поради пневмонија, во писмо повика на прекин на војните и дипломатски решенија за конфликтите. Во писмото до весникот „Кориере дела сера“, папата рече дека неговата долга болест му помогнала да стане уште појасна „апсурдноста на војната“ и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет. Папата укажа и …

Continue Reading

МВР со детали за сообраќајката кај „Дајмонд“: 27-годишната скопјанка со повреди пренесена во болница

Вчера во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и сервисна улица која води од булеварот кон катна гаража „23 Јули“ во Скопје, патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(21) од село Никуштак, општина Липково, удрило во пешакот Т.С.(27) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобила …

Continue Reading

Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор денеска со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица кои завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија. „Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ. Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ …

Continue Reading

Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп-Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време). Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека „многу елементи“ од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега. Во своето ноќно обраќање во понеделникот, украинскиот претседател Володимир …

Continue Reading