Денес стигнува тим од Британија, ќе подготвува рехабилитација за пациентите кога ќе почнат да се враќаат од странство, вели Клековски

Лекувањето на повредните во пожарот во Кочани не е битка од 72 часа туку процес кој ќе трае со недели или месеци, рече денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Здравствените власти почнуваат подготовки за следните фази неопходни за лекување на сите повредени. „Денеска ќе пристигне тим од Британија кој ќе треба да ни помогне да се подготвиме …

Continue Reading

Белгиските тимови се веќе во Скопје за да понудат поддршка по трагедијата во Кочани: Фетаи разговараше со Прево

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, денеска оствари комуникација со министерот за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица. Министерот Прево изрази искрено сочувство и ја истакна посветеноста на Белгија да помогне во надминувањето на ситуацијата, нагласувајќи дека тимовите за брза интервенција B-FAST, вклучувајќи медицински персонал, веќе …

Continue Reading

Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, препорака од Лекарската комора

Лекарската комора ја поздравува „навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани“. Овој начин на организација, според нив е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса со соодветна и високо стручна медицинска помош да ја надминат тешката здравствена …

Continue Reading

За Марибор тргна и вториот авион кој носи уште двајца пациенти од пожарот во Кочани

Денеска беа пренесени уште двајца повредени од трагедијата во Кочани на лекување во Марибор, соопшти амбасадата на Словенија. „Со тоа, Словенија ја исполнува својата заложба за помош и солидарност со погодените. Северна Македонија побара помош преку механизмот на Унијата за цивилна заштита“, е објавено од страна амбасадата на Словенија.

Continue Reading

Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Оваа информација денеска ја потврдија и од Обвинителството. „При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, информираа од Обвинителството. Од таму соопштија и дека до овој момент Основното јавно обвинителство …

Continue Reading

Краткотраен притвор за 16 лица во случајот со пожарот во Кочани, соопшти обвинителството

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16, соопшти обвинителството. Од таму потврдуваат и дека при увидот било констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, нагласија надлежните.

Continue Reading

Филков се потпиша во книгата на жалост: Одговорност ќе има и правдата ќе биде задоволена

Министерот за правда, Игор Филков се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани. ,,Изразувам длабоко сочувство за трагично загубените млади животи во Кочани. Оваа несреќа нè потресе сите, оставајќи неизмерна болка и тага. На повредените, кои се згрижени во болниците во земјата и надвор од неа, им …

Continue Reading

Свети ВМРО да е, ако направил грешка ќе одговара: Мицкоски за градоначалникот на Кочани

Колкава е одговорноста на градоначалникот на Кочани ќе утврди Обвинителството, кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на прашање дали Папазов, ќе сноси одговорност во врска со пожарот во дискотеката. Мицкоски рече дека надлежните во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината. Посочи дека никој нема да се заштитува и секој кој има каква било вина во врска …

Continue Reading

ИЗВЕСТУВАЊЕ !

Сите приватни станоиздавачи- даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата  за вршење дејност издадени од Одделението за туризам при Општина Охрид.  Издадените решенија  имаат важност од 3 години и  доколку на истите им истекол рокот  станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението. Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека …

Continue Reading