Мицкоски: Владата е целосно мобилизирана, ги повикувам сите надлежни институции да преземат итни мерки за помош на повредените
Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со …
Continue Reading
Тошковски: Најмалку 51 лице загина во пожарот во кочанската дискотека, има приведени
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти детали за страшната трагедија во Кочани. Тошковски кажа дека бројката на загинати изнеснува најмалку 51 лице. Тој вели дека според првите информации, пожарот настанал од искри кои потоа го зафатиле таванот кој бил од лесно запалива материја. Министерот вели дека се приведени лица.
Continue Reading
Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!
Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија. „Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора …
Continue Reading
ЛДП: Тажен ден за Македонија – изразуваме искрено сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани и бараме одговори за причините
ЛДП изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите по страшниот пожар кој се случи во кочанска дискотека. „Либерално-демократската партија е во шок и неверување и изразува жалење и сочувство до семејствата и блиските на настраданите по страшниот пожар, кој ноќта помеѓу сабота и недела (15 и 16 март) го зафати клубот „Пулс“ во Кочани. Македонија навистина не памети ваква …
Continue Reading
АВМУ: Медиумите да бидат внимателни во известувањето за трагедијата во Кочани
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. Од …
Continue Reading
(Фото+видео) На социјалните мрежи се бараат информации за лица кои биле во дискотеката во Кочани
Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во кочанската дискотека која се запали. Станува збор за фотографии од млади лица, на кои има напишано и телефонски броеви. Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Според неофицијалните информации, …
Continue Reading
Најмалку 50 загинати во пожар во дискотека во Кочани
Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе. Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во …
Continue Reading