Беровец од погребално претпријатие пријавен дека во депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, МВР го расчистува случајот

Пред два дена во полицијата во Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општината како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово. „Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна …

Continue Reading

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во моментов се реновираа, а при ископот најдени се коски, слични на човечки“, информираа од МВР. Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците. Костадиновски соопшти дека присуство на седницата која ќе се пренесува во живо, потврдиле 13 домашни експерти од областа на уставното право и судовите, како и двајца надворешни експерти. Тие ќе одговараат на шест правни прашања на судиите. …

Continue Reading

„Влен“: Законот за бранителите нема да помине без вклучување на припадниците на ОНА

Се’ додека сме дел од владата, законот за бранителите нема да помине без вклучување на поранешните припадници на ОНА, велат од коалицијата „Влен“. Според нив, секој обид за еднострано донесување на овој закон е неприфатлив и е во спротивност со принципите на правда и еднаквост. „Во континуираните напори за извртување на фактите и создавање забуна во јавноста, СДСМ продолжува со …

Continue Reading

„Асошиејтед прес“: Американците и Израел контактирале со три земји и ги прашале дали ќе ги земат Палестинците од Газа

Соединетите Американски Држави и Израел контактирале со официјални лица од неколку источноафрикански земји со цел да ја искористат нивната територија за преселување на Палестинците од Газа, објави Асошиејтед прес (АП), цитирајќи американски и израелски официјални лица. Официјални лица во Судан, Сомалија и отцепениот регион Сомалиленд биле контактирани за предлогот, твврди новинската агенција. Суданските власти рекоа дека предлогот е отфрлен, додека …

Continue Reading

МОНОДРАМАТА „ЉУБА“ ОД ЛИЛЈАНА СТОИЛКОВСКА ИЗВЕДЕНА ВО ОХРИД

Денеска во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата на монодрамата се на Стоилковска, а реч за писателката одржа д-р Васил Тоциновски. Настанот беше организиран со поддршка на Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“. Лилјана Стоилковска е позната поранешна спикерка од МРТВ, …

Continue Reading

МОН: Компанијата „Пуцко Петрол“ е ангажирана како единствен пријавен оператор, не трошиме на лични хирови како што беше во минатото

Веќе осум месеци Министерството за образование и наука не троши пари на лични хирови како што тоа се случувало во минатото, туку фокусот се навистина учениците, наставниците, студентите и професорите и градењето на поквалитетен образовен систем, реагира Министерството за образование и наука, по информацијата од СДСМ дека Министерството за образование и наука склучил на крајот на минатата година договор со …

Continue Reading

Никој не може да го припои Гренланд, тоа е кршење на меѓународното право, реагира данскиот министер на изјавата на Трамп

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека Гренланд не може да биде припоен од никого, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд. „Не можете да анектирате сојузничка земја или која било друга земја, бидејќи тоа го прекршува меѓународното право“, рече тој во интервју за ТВ 2. Данскиот министер, исто така, изрази …

Continue Reading

Трамп: Разговарав со Путин, го повикав да ги поштеди животите на украинските војници во Курск

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, тврдејќи дека има големи шанси на оваа ужасна, крвава војна конечно да и’ дојде до крајот. Трамп, исто така, рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск, барајќи од рускиот лидер да ги поштеди нивните животи откако наводно биле опколени …

Continue Reading