СДСМ најави нов скандал: „Поврзан е со тендерските мрежи на ДПМНЕ“

СДСМ извести дека денеска на прес-конференција ќе објави нов скандал „поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ, на нивните омилени фирми преку кои се испумпуваат парите на граѓаните“. Прес-конференцијата ќе се одржи во 12 часот во седиштето на СДСМ, на којашто ќе се обрати Богданка Кузеска – портпаролка на партијата.

Continue Reading

ОН: Израелците јавно ги соблекуваат и сексуално ги злоставуваат Палестинците

Израел извршил „геноцидни акти“ врз Палестинците со систематско уништување на здравствените установи на жените за време на конфликтот во Газа и користел сексуално насилство како воена стратегија, велат експертите на ОН во новиот извештај. Постојаната мисија на Израел во ОН во Женева ги опиша наводите во извештајот како неосновани, пристрасни и неверодостојни. „Израелските власти делумно го уништија репродуктивниот капацитет на …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ се одржува од денеска до 15 март во Баку, Република Азербејџан. Таа оцени дека Глобалниот форум во Баку во изминативе години прерасна во една од најважните меѓународни платформи, што ги адресира најважните регионални и глобални прашања. „Мултилатерализмот …

Continue Reading

Маж застрелан во парк во Белград додека кревал тегови

Полицијата во Белград трага по напаѓачот кој синоќа во парк во Вождовац го застрела 35-годишниот Милан Ф. 35-годишникот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ВМА. Тој се здобил со прострелна рана во пределот на бутот и е надвор од животна опасност. Тој на полицијата и рекол дека бил во теретана во паркот и кревал тегови кога му …

Continue Reading

Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Општина Центар ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во периодот од 15 до 20 март. Поради позитивните реакции и успехот на акцијата реализирана во февруари, зголемен е бројот на пунктови на кои граѓанитe ќе можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад, информираат од општината. Станува збор за следните локации: – Капиштец, кај Цветен пазар, улица „Народен Фронт“; – …

Continue Reading

Уапсен 19-годишник од Тетовско: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок. При претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Рубио: Можен е прекин на огнот во Украина во рок од неколку дена доколку Москва се согласи

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека се надева оти прекинот на огнот меѓу Русија и Украина би можел да дојде во рок од неколку дена доколку се согласат руските лидери и дека планира да состави дипломати од Групата 7 кои ќе се фокусираат на завршување на војната на состанокот оваа недела во Канада, пренесува Танјуг, цитирајќи го „Њујорк Тајмс“. …

Continue Reading

Брнабиќ: Посетата на синот на американскиот претседател е јасна порака за почитување на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека посетата на синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот е силна, моќна и директна политичка порака дека тој ја почитува Србија. Брнабиќ за телевизијата К1 изјави дека Трамп Јуниор, покажал сосема поинаков однос кон Србија, додавајќи дека таков став има и неговиот татко, американскиот претседател Доналд Трамп. Наведувајќи дека …

Continue Reading

Поранешен голман на Партизан извршил самоубиство

Поранешниот голман на Партизан, Радиша Илиќ е пронајден мртов. Според порталот „Телеграф“, 47-годишниот Илиќ се самоубил скокајќи од тераса. Илиќ во два мандати бранеше за Партизан, во првиот од 1998 до 2003 година, а потоа и од 2010 до 2013 година. Со Партизан освои пет титули во националниот шампионат и два национални купа . Во кариерата бил играч на Слобода …

Continue Reading