„Секоја чест за Меси и Кристијано, но Бразилецот Роналдо е најдобар“
Жозе Мурињо веќе 25 години има значајна позиција на големата тренерска сцена, со големо искуство зад себе, па може добро да го процени квалитетот на секој играч. За многу љубители на фудбалот, тренерите и играчите, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се синоним за најдобрите играчи во историјата. Кога ќе се земат предвид нивните успеси, долги кариери, популарност и исклучителен квалитет, …
Continue Reading
Средба на пратеникот Коњановски со амбасадорот на Казахстан, изразено задоволство од билатералните односи меѓу двете земји
Претседателот на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со парламентите на: Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, Никола Коњановски, оствари денеска средба со амбасадорот на Казахстан во земјава Садбалди Бурашов. Во оваа прилика, амбасадорот Бурашов врачи покана за посета на пратеници од Собранието на Република Северна Македонија на Парламентот во Астана во текот на …
Continue Reading
Фон дер Лајен: ЕУ има два можни пата пред себе
Во новиот геополитички контекст, Европа се соочува со два пата по кои може да оди – да продолжи како досега или да го искористи моментот и да ги мобилизира огромните ресурси што ги има за одбрана на демократијата, нагласи претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во писмото до лидерите на земјите-членки на ЕУ. „Има два можни патишта пред нас. …
Continue Reading
Директор на основно училиште во струшко фалсификувал сертификат за познавање странски јазик
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки, добиен …
Continue Reading
Шешко за 80 милиони ќе го напушти Лајпциг
Напаѓачот на Лајпциг, 21-годишниот Бенјамин Шешко, летово би можел да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија во вторникот британските медиуми. Репрезентативецот на Словенија сезонава игра во одлична форма. На 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 гола и даде пет асистенции. Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2029 година, но летово …
Continue Reading
Подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир. Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад. Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, …
Continue Reading
Руски политичар застрелан додека излегувал од кафуле
Рускиот политичар Николај Онишченко, началник на областа Завјаловски во регионот Алтај, во централен Сибир, е убиен додека излегувал од кафуле. Истражниот комитет покрена кривична постапка, изјавија за новинарите руските истражни органи. Од одделението додаваат дека во селото Завјалово е уапсен локален жител поради сомнение дека сторил кривично дело. „Обвинителот на територијата Алтај Антон Херман го стави под негова контрола расветлувањето …
Continue Reading
Кривична пријава против двајца лихвари од Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари.
Continue Reading
Папата ја продолжува респираторната терапија и физиотерапијата без маска
Папата Франциско продолжи да прима респираторна терапија и физиотерапија без маска, земајќи кислород преку канила, откако вчера претрпе две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, соопшти денеска Ватикан. Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, спиеше цела ноќ и продолжува да мирува и денеска. Лекарите извадиле големо количество слуз што се насобрала во неговите бели …
Continue Reading