(Видео) Бриж се самоуништи, Астон Вила со една нога е во четвртфиналето
Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 3:1 на гостински терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Белгискиот тим беше подобар на теренот, но откако не ги искористи своите шанси, се самоуништи во финишот со две грешки и практично им ја подари победата на гостите од Англија. Мечот идеално започна за Астон Вила, во третата минута Бејли го …
Continue Reading
„Ројтерс“: Америка и Украина ќе го потпишат договорот за минералите
Соединетите Американски Држави и Украина планираат да потпишат договор за минерални суровини, по расправијата во Овалната соба минатиот петок, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа, објави Ројтерс, цитирајќи четири извори запознаени со ситуацијата. Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на своите советници дека сака да го најави договорот во своето обраќање пред Конгресот, што ќе се случи …
Continue Reading
Зеленски разговараше со Мерц: „Ви благодариме за поддршката“
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, разговараше со лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и кандидат за германски канцелар Фридрих Мерц и договори понатамошна соработка со него, пренесува Укринформ. „Добар разговор со лидерот на партијата ЦДУ, која победи на изборите за Бундестагот, Фридрих Мерц. Координирани позиции. Ви благодариме за поддршката. Ние во Украина многу ги цениме напорите на Германија да ја врати …
Continue Reading
Софија Вергара (52) блесна на забавата по Оскарите во заводлив фустан
Актерката Софија Вергара (52) блесна во заводлива облека на гламурозната забава организирана од „Венити фер“ по 97-то доделување на Оскарите. Таа избра впечатлива креација на дизајнерката Селија Критариоти со длабоко деколте и стратешки шлицови кои дополнително ја истакнаа нејзината фигура. Целокупниот изглед го комплетираше со стилизирана фризура, елегантна шминка и одбран накит. На настанот таа се дружеше со нејзината долгогодишна …
Continue Reading
(Видео) Зеленски: Побаравме официјална информација од Америка за замрзнувањето на воената помош
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски рече дека им наредил на високи членови на неговата влада да контактираат со нивните американски колеги за да добијат официјални информации за суспензијата на американската помош што ја објавија високи претставници на Вашингтон синоќа. „Денес многумина се прашуваат само едно – што ќе биде со помошта од Америка?“ рече тој во видео порака до украинските граѓани. …
Continue Reading
Охриѓанка загина во сообраќајката на автопатот кај Тетово, има и повредени
Охриѓанка на возраст од 81 година го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на автопатот Тетово-Гостивар. Според информациите од СВР Тетово, во несреќата две лица се здобиле со тешки повреди. До сообраќајката дошло кога се судриле две возила од кои едното „пежо“ управувано од 47-годишен охриѓанец, а зад воланот на вториот автомобил – „мерцедес“ со словенечки национални ознаки …
Continue Reading
Џеј Ди Венс: Не е вистина дека притисокот врз Украина е поголем од оној врз Русија, во интерес на сите е војната да заврши
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, рече дека и тој и претседателот Доналд Трамп остануваат оптимисти за постигнување договор за минерали со Украина и покрај навидум растечкиот јаз меѓу САД и Украина. „Да, јас секако верувам дека е така“, рече Венс на Капитол Хил на прашањето дали верува дека сè уште може да се постигне договор за минерали. „И мислам дека …
Continue Reading
Трамп: Објаснете му на гувернерот на Канада дека кога ќе воведе контрацарини, нашите царини ќе се зголемат
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалните мрежи откако канадскиот премиер Џастин Трудо го потврди воведувањето на контрацарини против САД. „Ве молиме објаснете му на канадскиот гувернер Трудо дека кога ќе воведе контрацарини на САД, нашите царини веднаш ќе се зголемат за истиот износ“, рече Трамп на неговата социјална мрежа „Вистина“. Трамп постојано го нарекува Трудо „гувернер“, што е …
Continue Reading
Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои
Канадскиот премиер Џастин Трудо одржа прес-конференција откако на полноќ по Вашингтон стапија на сила долгоочекуваните царини од 25 отсто на Трамп за Канада и Мексико. „Денес Соединетите Држави започнаа трговска војна против Канада. Нејзиниот партнер и најблизок сојузник, нивниот најблизок пријател“, рече Трудо. „Канаѓаните се разумни и пристојни, но ние нема да се откажеме од борбата, не кога е во …
Continue Reading