Наставничката во основно училиште во Скопје нападната од родителите на нејзината ученичка

Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка. МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на …

Continue Reading

Дете нападнато од соученик во основно училиште во Скопје

Дете било нападнато од страна на негов соученик во основно училиште во Чаир. Случајот бил пријавен од мајката на нападнатото момче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Стружанец ја разбил вратата за да си го земе автомобилот кој претходно му бил подигнат, МВР поднесе кривична

Драма во „Комуналец“ во Охрид, откако 51-годишен стружанец останал без својот автомобил кој бил подгнат од страна на шлеп службата. Според информациите од полицискиот билтен, тој со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставаат возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини извори“ и го земал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, кое …

Continue Reading

Меџити: Турција е важен партнер во справувањето со еколошките предизвици

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја почна официјалната посета на Република Турција со средба со министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум. Меџити разговараше за можностите за продлабочување на соработката во однос на справувањето со еколошките предизвици и искористување на турскиот модел на борба против аерозагадувањето, кој се покажа …

Continue Reading

Кинескиот претседател: Со Русија сме вистински пријатели

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави денеска дека Кина и Русија се вистински пријатели. Кси, исто така, рече дека тој и рускиот претседател Владимир Путин комуницирале двапати оваа година, правејќи сеопфатни планови за развој на кинеско-руските односи и длабински размени за голем број главни меѓународни и регионални прашања. За време на состанокот со секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу, …

Continue Reading

Името на Бил Клинтон повторно се поврзува со педофилот Џефри Епштајн, според сведочењата имал посебно место во неговиот авион

Досието на Џефри Епштајн го потресе светот, а по објавувањето на имињата пронајдени во контактите на Епштајн, потврдено е и името на Бил Клинтон. Дел од контактите и документите е и сведочењето на Џоана Сјоберг, која изјавила дека била принудена на сексуални односи со Епштајн. Таа зборуваше и за Бил Клинтон, посочувајќи дека на поранешниот американски претседател „сакал помлади жени“, …

Continue Reading

САД го одобрија новиот руски амбасадор

Русија доби одобрение од Соединетите Држави за нов амбасадор во САД, пренесува Ројтерс. Александар Дарчијев наскоро ќе отпатува за Вашингтон, додава новинската агенција. Тој неодамна беше на чело на северноамериканскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи. Москва нема амбасадор во Вашингтон од октомври минатата година, кога Анатолиј Антонов ја напушти функцијата.

Continue Reading

Николоски: Голем отпор има во Судскот совет и Обвинителството, ако не дадат оставки, во еден легитимен процес во Собрание ќе бидат разрешени

Одредени структури кои со децении се вгнезндени во Судскиот совет и Обвинителството даваат силен отпор. Но во една редовна законска процедура во Собраните ќе бидат разрешени. Граѓаните очекуваат ред и правда и тие што згрешиле ќе одговараат, одговори на новинарско прашање, вицепремиерот Александар Николоски. Како што истакна тоа е процес кој што граѓаните имаат најголеми очекувања, но за жал се …

Continue Reading

Русија: Ја чекаме средбата меѓу Трамп и Зеленски

Рускиот портпарол Дмитриј Песков не сакаше директно да одговори на прашање за поблагата реторика на американскиот претседател Доналд Трамп кон неговиот украински колега Володимир Зеленски. „Да ја почекаме денешната средба, нејзиниот исход и изјавите потоа“, рече Песков. Тој, исто така, беше замолен да ги коментира критиките на Трамп дека зборува од позиција на моќ со сите освен со Путин и …

Continue Reading