Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања ги коментираше своите посети на Вашингтон и Минхенската конференција. Тој истакна дека во периодот се остварени низа контакти и тие контакти ќе се продлабочуваат, а Македонија мора да го фати чекорот со промените кои се случуваат во светот. Тој посебно се осврна на Минхенската безбедносна конференција и …

Continue Reading

Муцунски-Џанел: разменети мислења за актуелните меѓународни и регионални предизвици

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба ја прими амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се темелат на пријателство, доверба и заеднички вредности. Муцунски се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Холандија за евроинтеграциите на државата и ја нагласи …

Continue Reading

Мицкоски: Во вториот повик до сега аплицирале 34 општини со 179 проекти

„Првиот повик е завршен, вториот повик е во тек, проектите во вредност од 6 милијарди денари веќе до општините се пренесени по различни програми, дел од општините ги завршија тендерските постапки и почнуваат со реализација на тие проекти“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата одговарајќи на денешната седница за пратенички прашања. Мицкоски вели дека не може во 21 век да …

Continue Reading

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија нема намера да и врати ниту еден дел од окупираната територија на Украина. „Тоа се територии кои станаа дел од Русија и се вклучени во нашата државна уставна одредба како неотуѓив дел од Русија. Тоа е факт што ние апсолутно не можеме да го негираме или да разговараме“, рече Песков на …

Continue Reading

Бојковски: Потребна е физибилити студија за да се знае колку автобуси се потребни за Скопје

„Скопје е град кој овие 15 години се изгради како во Центарот така и во приградските населби и села. Автобуските линии се стари повеќе од 40 години со мали интервенции и не одговараат на потребите на граѓаните, потребно е системско решение, предлагам да се направат физибилити студија за автобуските линии и за возниот ред што ќе важи за сите автобуси“, …

Continue Reading

Почина Наташа Маневска, драматург во штипскиот театар

Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка Наташа Маневска, драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, соопшти штипскиот театар. Маневска беше член на нивниот колектив од 2011 година и во периодот од 2011 до 2015 година беше на чело на институцијата како директор. Од 2016 година беше на работното место драматург. Посмртните останки ќе бидат изложени …

Continue Reading

Барселона и Бетис се договорија, Витор Роке се сели во Палмеирас

Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас. Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса. Минатото лето Барселона го …

Continue Reading

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ГЕМИЏИЈАТА МАРКО БОШЊАКОВ

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето  кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков. Се поклонаа и положија свежо цвеќе и делегации на Подрачната единица на историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид. Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, …

Continue Reading

Петрушевска: Со овие пратенички прашања ќе дејствуваме просветителски до опозицијата, која се претвори во центар за дезинформации и манипулации

Од она што успеавме да го видиме изминатиот период особено од страна на опозицијата, ќе се обидам со овие пратенички прашања да делуваме просветителски заради тоа што имаме чувство дека талкаат, но и се претворија во центар на дезинформации и манипулации, вели пратеничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска, на денешната собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања. Според неа, опозицијата …

Continue Reading