Влаховиќ чека понуда од Премиер лигата

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ја одбил понудата на Фенербахче бидејќи сака летово да се пресели во некој од премиерлигашките клубови, објавија денеска италијанските медиуми. „Тутоспорт“, објави дека Фенербахче е подготвен да му понуди на Влаховиќ плата од 12 милиони евра годишно од сезоната 2025/2026, колку што моментално заработува во Јувентус, но 25-годишниот српски репрезентативец не е заинтересиран да замине …

Continue Reading

Аматеризмот во надворешната политика ни донесе двојна штета за стратешките партнерства со САД и ЕУ, според СДСМ

Вчерашното позиционирање на делегацијата на Северна Македонија во ОН во однос на гласањето по резолуциите на САД и ЕУ е скандалозно. Северна Македонија гласаше „воздражно“ за резолуцијата на ЕУ и беше единствена држава од Европа покрај Унгарија која не ја поддржа оваа резолуција. Дополнително, за декларацијата на САД, на која што нашата Влада и Мицкоски одлучија да бидат коспонзор, повторно …

Continue Reading

Кремљ: Ја поздравуваме балансираната позиција на САД на гласањето во ОН

Кремљ го поздрави, како што рече, балансирниот став на САД за гласањето на Вашингтон во ОН, заедно со Москва, против резолуцијата за Украина подготвена од Киев и Европејците, со која се осудува рускиот напад врз земјата. „Забележуваме дека САД усвојуваат многу поизбалансирана позиција која реално се концентрира на напорите насочени кон решавање на украинскиот конфликт“, изјави за новинарите портпаролот на …

Continue Reading

Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе и за да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави (САД), мора да се помине долг пат. „Мораме да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, им рече Песков на новинарите, пренесе агенцијата РИА. Тој нагласи дека лидерите на Америка покажале политичка волја да го …

Continue Reading

Меџити за обвинувањата: СДСМ и ДУИ се синхронизирани, не може административна работа да се прикаже како голем скандал

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем скандал, реагира првиот вицепремиер, Изет Меџити по обвинувањата на Социјалдемокртскиот сојуз дека работел незаконски, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Меџити рече дека првин се зборувало за одземање на ингеренции …

Continue Reading

Прегазен пешак во Скопје

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје. По случката, возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата соопшти дека …

Continue Reading

Возило управувано од малолетник излетало од патот во Скопје: повредени две лица

Денеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, …

Continue Reading

Герасимовски: Субвенционираме по 10.000 денари за полагање возачки испит, возењето без возачка е недозволиво

Општина Центар информира дека распиша Јавен повик за доделување субвенции на младите жители на општината за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на Центар. Овој повик е отворен на 25 февруари 2025 година и ќе трае до исцрпување на средствата од општинскиот буџет, најдоцна до 31 декември 2025 година. Право на субвенција имаат сите млади лица …

Continue Reading

Домот на културата објави кастинг за статисти во „Гевгелиска свадба“

ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија започнува со реализација на нов Проект „Гевгелиска свадба“. За таа цел, Домот објави повик за кастинг за статитиски коишто се потребни за филмувана реконструкција на традиционална свадба од градот Гевгелија. Како што е наведено во објавата, кастингот е наменет и за избор на младоженец и невеста. Потребни се 50 статисти од различни возрасти, над …

Continue Reading