Повредени четири лица во сообраќајка на патот Битола – Прилеп
Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко. Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево. Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола. …
Continue Reading
Муцунски на Советот за човекови права на ОН: Остануваме посветени на заштитата на човековите права, без разлика каде се случуваат
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати на Сегментот на високо ниво на 58-та сесија на Советот за човекови права (СЧП) на Обединетите нации во Женева. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека Советот за човекови права е најзначајниот форум за справување со предизвиците кои го попречуваат остварувањето и заштитата на основните човекови права и …
Continue Reading
Тенисерка ја заврши кариерата на 24 години поради смртни закани
Дестани Ајава, австралиска тенисерка, на 24-годишна возраст реши да стави крај на кариерата. Поради огромната количина на омраза, па дури и смртни закани, таа одлучи дека и е доста. Одлуката ја донела откако загуби од Габриела Кнутсон со 6:4, 3:6, 7:5 во финалето на ИТФ турнирот во Прага. Вообичаено, оние кои се обложуваат на спортски резултати први пишуваат ужасни пораки, …
Continue Reading
Македонија е коспонзор на резолуција на САД за Украина
Македонија е една од земјите кои се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, додека истовремено Европската унија, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција. Премиерот Христијан Мицкоски кусо изјави: „Така одлучивме“, прашан зошто бил преземен таков чекор. Тој изрази очекување дека резолуцијата ќе биде поддржана од мнозинството во рамките на Обединетите нации. Советот за безбедност на ОН ќе …
Continue Reading
Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Модриќ
Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и покрај тоа што во септември ќе наполни 40 години, најави Никола Шира, италијански новинар и експерт за фудбалски трансфери. Во објава на социјалната мрежа „Х“, тој напиша дека Реал сака да го задржи својот капитен и следната сезона и дека ќе му понуди договор …
Continue Reading
Градоначалникот Касами на Самитот Б40 во Софија: Посветеност на економскиот и културниот развој на регионот
Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, учествуваше на престижниот Самит на Градоначалниците Б40, одржан во Софија, каде што го претстави Тетово и ја сподели својата визија за локалниот, економски и културен развој. За време на своето обраќање, Касами ја истакна важноста на локалната економска и културна соработка како одржлива алтернатива за долгорочен развој на регионот. „Локалната економска и културна соработка …
Continue Reading
Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната
Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги поддржат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, со кои предложивме намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто и укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи, објави пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи. Како што рече во …
Continue Reading
Зеленски: Мојот услов за преговори со Путин е размена на сите воени заробеници
Целосната размена на воени заробеници со Русија би можела да претставува почеток на завршување на војната, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот во Киев каде присуствуват бројни министри и претставници на ЕУ на тригодишнината од војната во Украина. Имаше 60 размени на затвореници меѓу Украина и Русија од почетокот на војната, вклучително и една во декември кога беа разменети …
Continue Reading
Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна
Пратениците на СДСМ го поднесоа предлог-законот за намалување на ДДВ-то за струја и основните прехранбени продукти и бараат поддршка тој да се прифати, со што ќе се намали ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто, како и за основните прехранбени производи, од 5 на нула проценти. Со ова ќе им се помогне на граѓаните, а секое одложување и …
Continue Reading