Кривична пријава за седум врботени во Центарот за социјални работи во Тетово
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Е.(42) од с.Пршовце, тетовско, вработен во Центарот за социјални работи Тетово, поради злоупотреба на службената положба и овластување. Кривични пријави се поднесени и против А.Х.(45), Б.И.(45), Т.С.(62), Д.О.(59), сите од Тетово и Б.А.(46) од с.Боговиње, тетовско, сите вработени во Центарот за социјални работи Тетово, поради несовесно работење на служба и против уште едно лице …
Continue Reading
Кумановка тврди дека сопружници не сакале да и’ го вратат бебето – им го оставила да го чуваат два дена, а тие и’ дале пари
Кумановка на возраст од 41 година (М.М) пријавила во полицијата дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од селото Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче. Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Како што е пријавено, таа се породила на 18 февруари, а на 20-ти …
Continue Reading
Муртезани на средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорд
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, амбасадорот Жолт Бунфорд, на која што беше потврдена блиската и динамична соработка меѓу двете пријателски земји. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија и спроведувањето на Реформската агенда во рамките на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан. …
Continue Reading
(Видео) Роботска хирургија во воената болница и реконструкција на седум операциони сали и лаборатории, најави Николоски
Воената болница во Скопје ќе добие нови седум операциони сали, нови лаборатории, адаптирани нови простории во интерес на пациентите, истакна денеска вицепремиерот Александар Николоски. Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција простор од преку 3000 м2, и како што рече вицепремиерот Николоски, ќе промовира повисок квалитет на здравствени услуги кон пациентите. Тој најави дека се очекува целиот проект …
Continue Reading
Маск има канадско државјанство, повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција да му биде одземено
Повеќе од 150.000 луѓе од Канада потпишаа петиција со која бараат од нивната земја да му го одземе канадското државјанство на Елон Маск поради неговиот сојуз со Доналд Трамп, пишува Гардијан. За време на неговиот втор мандат како претседател на САД, Трамп постојано се заканува дека ќе ја претвори Канада во 51-та американска држава. Авторката од Британска Колумбија, Квалија Рид, …
Continue Reading
Презентиран Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница
Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика; Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени, одржаа состанок со претставници од Секретаријатот на Енергетската заедница. Претседателот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски, информира дека станува збор за редовна …
Continue Reading
Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе
Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути и ветуваат висока и брза заработка. Измамниците комуницираат со жртвите користејќи броеви кои, обично изгледаат како локални броеви но и броеви со странски префикс се со цел, …
Continue Reading
Кремљ за германските избори: Можеме да се надеваме само на трезвен поглед на реалноста
Руската влада изрази претпазлива надеж за подобрување на односите со Германија по изборната победа на германските демохристијани. „Секојпат, човек би сакал да се надева на трезвен поглед на реалноста“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги резултатите од германските избори на кои германските демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) добија најмногу гласови. Тој додаде дека прашање е што би можело да биде од …
Continue Reading
Кремљ: Трамп се обидува да ги разбере причините за конфликтот
Кремљ денеска ја пофали администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за обидот да ги разбере основните причини на конфликтот во Украина и да го прекине, што, како што се наведува, е во спротивност со пристапот на Европа. Овие изјави се меѓу најјасните признанија на Кремљ дека има голема промена во американската политика кон војната откако Трамп ја презеде функцијата пред …
Continue Reading