(Видео) Лукаревска: Наместо половични мерки, власта да ги прифати предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струјата и укинување за храната

Економијата во земјата е во слободен пад, граѓаните имаат се помалку пари поради енормните поскапувања и потребно е итно заедничко делување, истакна Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ. Наместо половични решенија, како што рече, бараат Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна. Според неа, последната …

Continue Reading

Ернандез е виновен, а тренерот ја презеде одговорноста за елиминацијата на Милан

Тренерот на Милан, Сержо Консеисао ја презеде одговорноста за францускиот дефанзивец, Тео Ернандез, кој несомнено беше трагичната фигура на реваншот од Лигата на шампионите против Феенорд. Домашните водеа со 1-0 на „Сан Сиро“, им требаше уште еден гол за да ја оправдаат улогата на фаворити и да се пласираат меѓу најдобрите 16 екипи од елитното ниво на европскиот фудбал. Сепак, …

Continue Reading

45 години ФЛУ: Факултетот за ликовни уметности го слави својот јубилеј

Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најреномирана вискокообразовна институција и центар за развој на ликовната и визуелна култура во нашата држава, оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март. Оваа …

Continue Reading

Лимани: Брзиот развој на индустријата, континуираниот напредок на технологијата и новите услови за работа, ја наметнуваат потребата од ревидирање на листата на опасни занимања

Денеска се одржа презентација на новата листа на опасни занимања/работни места подобни за предвремено пензионирање во согласност со нивото на ризик и предложениот степен на пензија, како дел од проектот Ревизија на листата на опасни занимања кои се квалификувани за предвремено пензионирање со бенефициран работен стаж (БРС). Во последните години, со поддршка на Светската банка како доверлив партнер, Министерството за …

Continue Reading

Австралијка обвинета за напад: задавила трудница со хиџаб

Австралиската полиција обвини 31-годишна жена за напад на две муслиманки во трговски центар во Мелбурн минатата недела. Жена од предградието Паско Вејл денеска треба да се појави на суд, каде што ќе биде обвинета за напад на две жртви на 13 февруари поради нивната покривка, јавува Би-Би-Си. Таа, наводно, грабнала и задавила 30-годишна трудница користејќи го нејзиниот хиџаб во трговскиот …

Continue Reading

Решение за свикување на четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица     Бр.08 – 1120/1     18.02.2025 год.     С т р у м и ц а   Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица …

Continue Reading

„Еколошки геноцид врз Охридското Езеро: Владата го жртвува јавниот интерес заради коруптивни бизнис зделки“, велат од партијата Левица

„Левица најостро ја осудува неодговорната, корумпирана и клиентелистичка политика на Владата предводена од ДПМНЕ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои со доделувањето концесии за стопански риболов вршат директен еколошки геноцид врз Охридското Езеро“, велат од партијата Левица. „Фактот што две од шесте концесионерски компании се основани во текот на самиот огласен рок претставува класичен пример на непотизам, незаконско …

Continue Reading

Зеленски го критикуваше Трамп: Ако сакаме да дадеме нешто, мора и да добиеме нешто

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека предлогот на САД за клучниот договор за минерали е неправеден бидејќи не вклучува безбедносни гаранции и дека не сака Украина да стане центар за суровини, ја цитираат турските медиуми. Минатата недела Киев му испрати на Вашингтон ревидиран нацрт-договор кој би можел да ги отвори своите огромни ресурси на клучни минерали за американски инвестиции за да …

Continue Reading

Оливие Жиру ограбен во Лос Анџелес

Оливие Жиру доживеа голема непријатност на почетокот на месецот, неговиот дом во Лос Анџелес бил ограбен. Според американските медиуми, неговата сопруга ја пријавила кражбата на 5. февруари. Крадците украле накит во вредност од 500.000 долари, а полицијата наводно ја продолжува истрагата, но засега никој не е уапсен. Жиру е во МЛС лигата од 2024 година, каде настапува за Лос Анџелес. …

Continue Reading