(Аудио снимка) Морничава бучава во последните моменти на подморницата „Титан“

Се појави нова аудио снимка од последните моменти на подморницата Титан која имплодира во Атлантикот, објави британскиот весник „Сан“. Снимката е направена со помош на океански уред на 900 километри од местото на трагедијата и наводно ја открива морничавата бучава од моментот на имплозијата, поточно, моментот на дробење на подморницата. Американската крајбрежна стража го сподели видеото од 20 секунди како …

Continue Reading

Експлозија на балкон во Бон, полицијата трага по сторителите

Голема материјална штета е причинета денеска кога непознати лица фрлиле експлозив на балкон од станбена зграда во Бон. Сите жители на зградата се евакуирани и нема повредени, а полицијата трага по сторителите, пишува „Билд“. „Местото на злосторството е обезбедено, а веднаш е започната потрага по осомничените со поддршка од хеликоптер“, соопшти портпаролот на полицијата. Форензичкиот тим во текот на утрото …

Continue Reading

Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

Поранешниот претседател на грчкиот парламент Константинос Тасулас денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот Катимерини. Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик министер за одбрана. …

Continue Reading

Северна Кореја: Предлогот на Трамп САД да го окупираат Појасот Газа е празна закана

Северна Кореја денеска го окарактеризира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да го окупираат Појасот Газа, како празна закана. Овој предлог ги уништи надежите на Палестинците за постигнување мир, наведе Корејската централна новинска агенција, пренесува Ројтерс. Трамп изјави дека САД имаат намера да го преселат населението во Газа и да ја претворат областа во „Ривиера на Блискиот Исток“. Пјонгјанг …

Continue Reading

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци што го предложи партијата Левица. Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, смета дека со тоа ќе продолжи праксата на злоупотреба и наплаќање на енормни суми. „Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем. Како анти-естаблишмент партија, …

Continue Reading

Општина Ѓорче Петров почнува со реконструкција на улица Црногорска 2-решавање на децениски проблем

Општина Ѓорче Петров денес официјално започна со реконструкцијата на улица Црногорска 2, како дел од долгогодишното барање на жителите на Дексион за подобрување на инфраструктурата во овој дел на општината. По децении на проблеми со старите и оштетени патишта, жителите на Дексион конечно ќе добијат нов изглед на улиците, што ќе обезбеди подобри услови за живеење, се истакнува во соопштението. …

Continue Reading

Три лица искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетничка

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.Н.(32) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Истиот ден во 14.35 часот во Полициската станица Центар, Н.Б.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрије Чуповски“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче. Во Полициската станица Велес, вчераво 17.10 часот Н.Н.(18) од Велес …

Continue Reading

Загина 66-годишен пешак, го удрило возило на патот Гостивар – Кичево

Синоќа во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с.Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешакот И.А.(66) од с.Колибари. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. …

Continue Reading

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци има добиено 30.000 денари по сите основи гориво, патарини и амортизација што претставува помалку од направените реални трошоци од и до Собранието, изјави на прес-конференција пратеничката од ЗНАМ, Даниела Белимова. Партијата не го поддржа предлогот на политичката партија Левица, трошиците …

Continue Reading