Македонската полиција препознаена како силен партнер која секојдневно придонесува кон глобалната безбедност, посочија од МВР

На покана на новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ Валдеси Уркиза, делегација од БЈБ, предводена од Директорот Александар Јанев е во прва официјална посета во Лион, Р.Франција. На средбата со Генералниот Секретар беа дискутирани стратешки и оперативни прашања кои се од особено значење за јакнење и модернизација на капацитетите на македонската полиција, огромниот придонес кој нашата држава во континуитет го пружа …

Continue Reading

Со закани присилувале сопружници да им дадат 10 илјади евра, насилници континуирано им се заканувале по живот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело. Осомничените, во периодот од март 2024 година до 04.02.2025 година, …

Continue Reading

Во петок повторно бојкот на маркети во Хрватска, се очекува да има и во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово

Потрошувачката платформа „Ало, инспекторе“ најави обновен генерален бојкот на продавниците и услугите поради рекордни цени за петок, 7 февруари и седумдневен бојкот на еден малопродажен синџир од сабота. Јосип Келемен, советник на платформата „Ало, инспекторе“, рече дека Србија, Босна и Херцеговина, Македонија повторно ќе бојкотираат, а ќе се приклучи и Косово. „Потрошувачите побараа од нас да не се откажуваме и …

Continue Reading

Ракометарите и ракометарките се 19. на најновата листа на ЕХФ

Фото/ facebook.com/rfmofficial Светското првенство во ракомет што се одржа во Хрватска, Данска и Норвешка заврши во неделата. Данска го освои златото, Хрватска заврши на второто место, додека Франција со триумфот над Португалија го освои третото место. Македонија имаше добра настап на 29.Светско првенство. Избори пласман во втората фаза, а во главната група го освои четвртото место. Во конечниот поредок Македонија …

Continue Reading

Трамп ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во училишни спортови

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе преземе мерки против учеството на трансродовите жени во училишните спортски натпревари, изјави извор од Белата куќа за Ројтерс. Трамп ќе потпише извршна наредба со која ќе се упатат федералните агенции, вклучително и Министерството за правда и Министерството за образование, да го толкуваат законот со кој се забранува полова дискриминација во образовните програми …

Continue Reading

Состанок на Муртезани со Марта Кос, еврокомесарката за проширување

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан. Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Северна Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи …

Continue Reading

Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина, објавено е на веб-страницата на украинскиот парламент. Вонредната состојба и општа мобилизација во Украина се продолжени за 90 дена, од 8 февруари до 9 мај, пренесува Укринформ. На 24 февруари 2022 година, Русија започна целосен напад врз Украина. После тоа, Парламентот 13 пати …

Continue Reading

Герасимовски: Исчистен сметот во населбата Пролет, создаваме поубав и поуреден Центар 

Општина Центар, денеска ги исчисти јавните површини во населбата Пролет како важен чекор за создавање на почисто и поубаво опкружување за сите центарци. Герасимовски, потенцираше дека во акцијата за чистење активирана е целата механизација на општината со вредните хигиеничари кои секој ден работат во две смени. „Во текот на денешниот ден, го подигнавме сметот и ги исчистивме улиците во населбата Пролет. …

Continue Reading

Извештај за извршени вонредни инспекциски надзори од општинскиот инспектор за животна средина во Струмица на 05.02.2025 година

Согласно Извештаите за спроведени активности од страна на општинскиот инспектор за животна средина на општина Струмица на ден 05.02.2025 година – Среда извршени се три вонредни инспекциски надзори од кои еден кај правен субјекти со дејност Производство на друг мебел, еден кај правен субјект Производство на алуминиумски конструкции и еден инспекциски надзор е направен над физичко лице. Од извршените инспекциски …

Continue Reading