Иванка Трамп пристигна на вечерата пред инаугурацијата на нејзиниот татко, во фустан украсен со кристали
Иванка Трамп присуствуваше на вечерта во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, одржана ден пред инаугурацијата на нејзиниот татко, Доналд Трамп. 43-годишната Иванка била на вечера со Илон Маск и Џеф Безос. Дејли Мејл пишува дека во еден момент ја прегрнала вереницата на Безос Лорен Санчез. Иванка за оваа пригода носеше долг фустан од Оскар де ла Рента, украсен со …
Continue Reading
„Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар во кој досега загинаа осум лица, а седум беа повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на жителите на домот. Мажот, чија мајка била корисничка на домот за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива, и дека се надева на најдобро. Таа била на приземје …
Continue Reading
Хамас: Палестинка која според договорот требаше да биде ослободена, се уште e во затвор во Израел
Хамас објави дека палестинска затвореничка се уште е во затвор, а според договорот со Израел таа требаше да биде ослободена, пренесува Ynet. Одделот за затвореници на Хамас потврди дека тие работат со посредници и Црвениот крст за да извршат притисок врз Израел да се придржува до договорената листа на затвореници. Во согласност со условите од договорот, израелската затворска служба синоќа …
Continue Reading
Денес е најдепресивниот ден во годината
Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината. Иако нема научни докази за да го поткрепат ова тврдење, таканаречениот „Син понеделник“ стана популарна тема во медиумите, а многумина се согласуваат дека овој ден носи одредени предизвици. Концептот на „Синиот понеделник“ го создал британскиот психолог Клиф Арнал во 2005 година, користејќи формула која вклучува различни фактори како што …
Continue Reading
Трамп нареди голем број дипломати од кариера во Стејт департментот да поднесат оставки
Голем број високи дипломати од кариера денеска поднесуваат оставка од Стејт департментот, откако добиле инструкции да го сторат тоа од помошникoт на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјавија за Вашингтон пост тројца неименувани американски функционери запознаени со ова прашање, пренесуваат медиумите во регионот. Присилните заминувања, со цел да се воспостави решителен прекин со администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден, ќе …
Continue Reading
Една од најгледаните балетски претстави за деца „Доктор Офболи“ на сцената на Националната опера и балет
На 21 јануари, на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“. Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и …
Continue Reading
ДУИ за Сиљановска Давкова: Несоодветен јазик на претседателката на државата за агресијата врз Украина
Демократската унија за интеграција изразува загриженост и незадоволство од последните изјави на претседателката на Република Северна Македонија за време на приемот за дипломатскиот кор, каде, како што велат, непровоцираната и насилна руска агресија врз Украина беше опишана како „војна операција“. Ваквата реторика, за ДУИ, е неприфатлива и е во спротивност со ставовите на нашата држава како членка на НАТО и …
Continue Reading
Флорентино Перез ќе го води Реал до 2029 година
Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година. Тогаш неуништливиот газда на „кралскиот клуб“ ќе има 81 година. Како што објави познатиот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, првиот човек на клубот Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид Овој познат бизнисмен доби нов четиригодишен мандат. Перез првиот мандат го имаше во периодот од …
Continue Reading
30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и за уште девет лица
Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР. Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство …
Continue Reading