Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел
Доналд Трамп на чело на САД ќе предизвика нов подем на десницата во Европа, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, започнувајќи ја, како што рече, офанзивата да се окупира Брисел. Унгарскиот премиер, долгогодишен поддржувач на Трамп, очекува златно доба во американско-унгарските односи за време на претседателот Трамп, и покрај предупредувањето од унгарската централна банка дека најавените царини на Трамп од …
Continue Reading
Анчелоти решил да замине во пензија ?
Легендарниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти наводно решил да го напушти „кралскиот клуб“ на крајот од оваа сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Според информациите на шпанското радио „Онда Серо“, Анчелоти одлучил да се пензионира иако неговиот договор е до јуни 2026 година. Анчелоти остави длабока трага за време на неговите две мандати во Реал Мадрид. Првиот мандат му беше крунисан …
Continue Reading
Државјанин на Косово се обидел да прошверцува 48.000 пара чорапи преку Блаце, покренато е обвинение
Скопското обвинителство поднесе обвинение против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за криумчарење. На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и …
Continue Reading
Учеството на Општина Струмица на карневалот во Општина Разлог, Бугарија
Викендов, од 17 до 19 јануари, Општина Струмица преку Струмичкиот карневал имаше честа да учествува на карневалот во Општина Разлог, Република Бугарија. Нашата општина беше претставена со две атрактивни маски, кои ги носеа карневалските групи „Мулен Руж“ и „Струма“. Со својот уникатен кореографски настап и впечатлива костимографија, струмичките карневалисти ја пленеа публиката на Плоштадот „Преображение“, која ги пречека и поддржа …
Continue Reading
Парно греење нема ниту во училиштата и градинките, СДСМ повика на формирање на кризен штаб
Опозициската СДСМ повика на формирање на кризен штаб, откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно. Според информациите, греење нема во Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец. Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, а родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата. „Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ. Децата …
Continue Reading
Милошоски: За првпат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД
Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена, вели пратеникот и поранешен шеф на дипломатијата, Антонијо Милошоски. Според него, ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија. „Склученото …
Continue Reading
Како Меланија Трамп се менуваше низ годините
Meланија Трамп, родена Меланија Кнавс на 26 април 1970 година во Словенија, повторно е прва дама на САД. Меланија пораснала во индустрискиот град Севница во тогашна Југославија и уште од млада возраст покажала интерес за уметноста и модата. Нејзиниот татко Виктор работел како продавач на автомобили, додека нејзината мајка Амалија работела во модната индустрија, изработувајќи детска облека. Ова имаше пресудно …
Continue Reading
Исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година
Министерството за финансии денеска ја исплати Еврообвзницата издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра. „Денеска во целост ја исплативме Еврообврзницата издадена во 2018 година на износ од 500 милиони евра, а која доспеваше за исплата на 18 јануари 2025 година. Со цел да се обезбедат средства по најниски трошоци за исплата на оваа Еврообврзница, беше потпишан Договор …
Continue Reading
„Волстрит журнал“: Трамп во својот говор ќе повика на револуција на здравиот разум
„Волстрит журнал“ утринава објави дека Доналд Трамп ќе повика на револуција на здравиот разум во неговото инаугуративно обраќање попладнево. Американскиот весник наведе дека имал пристап до копија од очекуваниот говор на Трамп и извести дека во неговото обраќање тој ќе ја поздрави возбудливата нова ера на национален успех. Според весникот, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а …
Continue Reading