Инциденти во скопски Аеродром: нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал

Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром. Според информациите објавени во дневниот билтен, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец. Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг. „Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) …

Continue Reading

Дете нападнало врсник со нож во Чаир

Четиринаесетгодишник бил избоден од 15-годишен малолетник синоќа по 20 часот во Чаир. Случајот во полицијата го пријавил таткото на повреденото момче. Нешто пред полноќ,  во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата за случајот.

Continue Reading

Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили

Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание. Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата,  делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан. Исто така, изгореле две патнички …

Continue Reading

Трамп: Зачувајте го „Tик-ток“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут соушал“ изјави дека „Тик-ток“ треба да се спаси, откако платформата престана да работи во САД во саботата навечер. Трамп претходно рече дека најверојатно ќе ја одложи забраната за „Тик-ток“ за 90 дена, откако ќе ја преземе функцијата утре, на што компанијата се повика во известувањето објавено до корисниците на …

Continue Reading

Антони ќе ира за Бетис, а плата ќе зема во Манчестер јунајтед

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони ќе му биде позајмен на Бетис. Шпанските медиуми пишуваат дека клубовите постигнале договор. „Мундо Депортиво“ тврди дека клубот од Севилја нема да има право да го откупи Бразилецот за кого клубот од „Олд Трафорд“ потроши повеќе од 90 милиони евра во 2022 година кога донесе од Ајакс. Виљареал, исто така, наводно бил заинтересиран за …

Continue Reading

(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче. „Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот. Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа …

Continue Reading

Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од …

Continue Reading

Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Штекли, се бара притвор за 10 лица

Пари, дрога, возила, мобилни телефони и оружје биле одземени во полициската акција за сузбивањето на криминалната крупа во која уапсен беше Раде Трајковски, познат како Штекли. Според информациите од полицијата, групата броела 14 членови, а била составена од лица од Скопје. Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. „Основаните сомневања се дека организаторот …

Continue Reading

Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју на теренот по победата над Лехечка

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата над Јиржи Лехечка (3:0) во четвртото коло на Австралија опен, не даде интервју на теренот. Го зеде микрофонот од Џим Куриер и кратко им се заблагодари на навивачите. На прес-конференцијата откри зошто постапил така. Иако првично се мислеше дека причината е непријателската публика, набрзо беше утврдено дека Ѓоковиќ бил лут на каналот „Nine“, кој …

Continue Reading