Трамп планира да почне со масовна депортација на мигранти во Чикаго, пишува „Волстрит журнал“

Претседателската администрација на САД на Доналд Трамп планира да почне голема имиграциска депортација во Чикаго ден по неговото преземање на функцијата, објави „Волстрит журнал“, цитирајќи четири лица запознаени со планот. Депортацијата која се очекува да започне во вторник, ќе трае цела недела, пишува американскиот весник, додавајќи дека американската служба за имиграција и царина ќе испрати меѓу 100 и 200 службеници …

Continue Reading

(Видео) Хрватски вицепремиер пукаше со пиштол низ прозорец на автомобил, па поднесе оставка

Вицепремиерот и министер за земјоделство, шумарство и рибарство Јосип Дабро од десничарското Движење Татковина поднесе оставка поради видеото на кое тој пука со пиштол низ прозорец на автомобил во близина на населено место. Хрватските медиуми јавуваат дека тој испукал девет истрели. „Според она што може да се види на видеото, Дабро се вози на совозачкото седиште и е облечен лежерно, …

Continue Reading

Реал Мадрид три недели без Камавинга

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ќе отсуствува три недели поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот фудбалер се повреди во четвртокот во Купот на Шпанија против Селта, кој Реал го доби по продолженијата со 5:2. „По извршените тестови од медицинската служба, на Камавинга му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата тетива“, се наведува на клупската веб-страница. Реал не прецизираше …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Не може да има 6 милијарди евра Буџет а да нема пари за поголеми плати на работниците

Власта има рекорден Буџет од 6 милијарди евра за оваа година, а вели дека нема пари за зголемување на платите на работниците, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданк Кузеска. Како што рече, уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и најраспинички буџет во историјата во кој ќе нема …

Continue Reading

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Киев оствари средба со заменик претседателката на Владата на Украина, задолжена за европски и евроатлантски интеграции, министерка за правда и главен преговарач за членство на Украина во ЕУ, Олга Стефанишина. Во фокусот на средбата беше потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Северна Македонија и Украина за прашања поврзани со интеграцијата во Европската …

Continue Reading

Седумдесетгодишник со маска и пиштол се обидел да ограби канцеларија за кредити во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. „Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата „Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да …

Continue Reading

Премиера на претставата „Народен пратеник“ во рамките на јубилејот 80 години МНТ

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги …

Continue Reading

(Видео) СДСM останаа последното упориште на Артан Груби, вели Петрушевски

Само СДСМ не се отргна од Груби и еден месец молчи за него, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Како што рече, Груби направил милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив, а во таква ситуација Социјалдемократскиоит сојуз не може да каже дека не знаеле …

Continue Reading

Прегазен тинејџер во Битола, возачот побегнал

Утрово во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата Партизанска во градот, автомобил управуван од непознат возач удрил во 17-годишен пешак од Битола, а потоа го напуштил местото на настанот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид.

Continue Reading