(Видео) Индија стана четврта земја која изврши беспилотно приклучување во вселената

Индија стана четвртата земја што постигна беспилотно спојување или приклучување во вселената, подвиг што се смета за клучен за идните мисии бидејќи Њу Делхи се позиционира како глобална вселенска сила. Досега само Соединетите Американски Држави, Русија и Кина развија и тестираа такви способности за приклучување. „Приклучувањето на вселенското летало успешно заврши! „Историски момент“, објави Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) …

Continue Reading

(Видео) Институт за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци

Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет до средината на април 2025 година доколку севернокорејските сили продолжат да претрпуваат големи загуби во тековните жестоки борби, објави американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на месецот рече дека 3.800 севернокорејски војници биле …

Continue Reading

Хороскопските знаци кои се подготвени за голем деловен успех во 2025 година

Секоја нова година со себе носи можности за личен и професионален раст. За оние кои се подготвени да ги препознаат своите можности и смело да ги искористат, деловниот успех може да биде неизбежен. Клучот лежи во комбинацијата на планирање, одлучност и подготвеност да се прилагодат на промените. Во продолжение ви откриваме кои хороскопски знаци може да очекуваат голем успех во …

Continue Reading

Пронајдено телото на Ивона Савичевиќ, по која се трагаше во Црна Гора

Вчера беше пронајдено телото на 42-годишната жителка на Подгорица Ивона Савиќевиќ, која исчезна на 13 јануари, информираа од Управата на црногорската полиција, а пренесоа црногорските медиуми. Исчезнувањето во полиција било пријавено пред четири дена, а телото било пронајдено вчера. Во потрагата биле вклучени дронови и хеликоптер на црногорската полиција. Според првичните информации, полицијата не констатирала траги на насилство, но причината …

Continue Reading

Солскјер ќе го преземе Бешикташ

Оле Гунар Солскјер тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција. Норвежанецот ќе го преземе тимот на Бешикташ. Солскјер со Бешикташ ќе потпише договор со крајот на сезоната. Оле Гунар Солскјер тренерска кариера ја започна во 2008 година како менаџер на У-21 тимот на Манчестер јунајтед. Три години подоцна го презеде Молде и остана таму, со кратка пауза во која се …

Continue Reading

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш и Србија има право на Република Српска

Претседателот на Република Српска Милорад Додик вчера изјави дека се има алтернатива, вклучително и Европа, додавајќи дека ако Соединетите Американски Држави имаат право на Гренланд, тогаш и Србија има право на Република Српска. Додик се осврна на неодамнешните најави на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека би сакал да го види Гренланд како дел од САД, иако Гренланд е самоуправна …

Continue Reading

Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби. Артан Груби направи милионски криминал во време кога премиер беше од редовите СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски од СДС, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица. Груби правеше милионски криминал а СДС …

Continue Reading

Вучиќ: Мора да ја спасиме државата од дестабилизација

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа ги повика сите да влијаат на намалување на тензиите и посочи дека стабилноста, мирот и животите на луѓето немаат алтернатива и дека Србија мора да се заштити од каква било дестабилизација. Вучиќ во видео обраќање на „Инстаграм“ рече дека поминале два и пол месеци од страшната трагедија во Нови Сад и дека државата си …

Continue Reading

Поранешниот пакистански премиер осуден на 14 години затвор

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е осуден на 14 години затвор во случај на корупција поврзан со продажба на земјиште, изјави неговиот адвокат, пренесува Скај Њуз. Пресудата дојде по обвинувањата за земање мито при продажба на земјиште за имотен магнат во вредност од 190 милиони фунти (250 милиони евра). Случајот е поврзан со Фондацијата Ал Кадир, која Кан и неговата …

Continue Reading