(Фото) 12-годишната Агнеса од Скопје ја воодушеви публиката во Карнеги Хол

На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, во декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre. 12-годишната Агнеса настапи во бродвеј категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон. Нејзиниот …

Continue Reading

(Фото) Владо Георгиев по 𝟣𝟥 години возврати на честитката на Адријана Лима за Божиќ: се нижат коментари на социјалните мрежи

Српскиот пејач Владо Георгиев одговори на твит на Адријана Лима од 2012 година, кога таа го честиташе Божиќ. Имено, таа тогаш на Твитер напишала „Христос се роди“, а Владо по 13 години реши да напише одговор на нејзиниот твит, што предизвика луѓето да коментираат на социјалните мрежи. – Навистина се роди драга Адријана – напиша пејачот, а потоа стави емотикон …

Continue Reading

Два натпревари суспензија за Винисиус Жуниор

Винисиус Жуниор е суспендиран на два натпревари откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 2-1. Во 80. минута при водство на Валенсија од 1:0, крилниот напаѓач на Реал Мадрид го удри противничкиот голман Столе Димитриевски. Бразилецот потоа се расправаше со судиите, а соиграчите едвај успеаја да го смират. Реал Мадрид најави жалба …

Continue Reading

Струмица со мерки по надминат праг на загадување во последните два дена

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица. …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Градинката Пролет изградена по светски стандарди, прва по 50 години и финансирана од општината

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените. „Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат …

Continue Reading

Кучињата често го преземаат стресот од нивните сопственици на штета на нивното здравје, тврди новото истражување

Кучињата живеат заедно со луѓето илјадници години: тие се користеле за лов, чување имот и животни и за извршување на многу други задачи, но денес тие главно играат улога на домашни миленици. Иако животот на кучето денес изгледа лесен во споредба со животот на неговите предци, тој сепак се соочува со многу стресови, а еден од нив го доживува при …

Continue Reading

Новак Ѓоковиќ сподели ретки семејни фотографии и го честиташе Божиќ

Новак Ѓоковиќ објави ретки семејни фотографии на Инстаграм и го честиташе Божиќ. Тој позираше пред елката со сопругата Јелена и нивните деца – Стефан и Тара. View this post on Instagram A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) „Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божиќ“, напиша тенисерот на кирилица во описот на објавата. Српскиот тенисер моментално се подготвува за 12 …

Continue Reading

Скопје повторно руши рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост

Скопје се најде на седмо место на листата најзагадени градови во светот а прво во Европа, со индекс на загаденост од 164, покажаа податоците од платформата IQAir. По општини, најзагадено утрово е во Центар со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Ректорат, Кисела Вода. Мерењата покажуваат дека ПМ2,5 честичките утрово се застапени во …

Continue Reading

ДУИ: Мицкоски вчера го откри планот за деградирање на албанскиот јазик, нема да дозволиме

Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во Законот од 2008 година, каде албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување на посебни формулари, велат од ДУИ. Ова, според ДУИ, е отворен обид за укинување на албанскиот …

Continue Reading