НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА И ПРИГОДНИ ПОДАРОЦИ ЗА ПРАЗНИЧНА РАДОСТ

Во пресрет на новогодишните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот Кирил Пецаков, денеска подели новогодишни пакетчиња на најмладите. Новогодишни пакетчиња беа поделени во Инклузивната игротека  „Радост“, во здружението „Во мојот свет“, здружението „Тајните на моето срце“, дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, дневниот центар „Зраци“, како и на дечињата кои се лекуваат во Општата …

Continue Reading

Се бара одземање на пасошот за сопственикот на фирмата кој се сомничи за тендерите во „Државна Лотарија“

Скопското Обвинителство постапувајќи по кривичната пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две лица и една фирма за тендерските злоупотреби во Државна лотарија. Од Обвинителството велат дека директорот Перпарим Бајрами за кој веќе е поведена истрага и е во бегство, е осомничен за Злоупотреба на службена положба и овластување. За второосомничениот Артан Ајрули, сопственик и фирмата „Ритрон копи“ …

Continue Reading

Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет, поголема поддршка од буџетот и дополнителни 15 милијарди денари поволни средства со камата од 1,95%

Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница. „Поддршката …

Continue Reading

НАТО повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа

НАТО во Брисел повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа во Казахстан. „Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот Ј28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах. На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“, додаде таа. Our thoughts and prayers are with the families and victims …

Continue Reading

Тошковски: Нова дигитална услуга на МВР за електронско издавање на уверение за државјанство во секое време, достапна преку uslugi.gov.mk

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk „Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да …

Continue Reading

Млад скопјанец предизвика две сообраќајки бегајќи од полицијата, со себе носел марихуана

Две сообраќајни незгоди предизвикал 26-годишен скопјанец кој не сакал да застане  на даден знак од полициските службеници. Момчето, со иницијали К.Ј. управувајќи пунто, синоќа по полноќ, бегајќи од полицијата удрило во два автомобили управувани од 26 и 23-годишни лица кои се здобиле со полесни повреди. К.Ј. не застанал ни по судирот. Продолжил за вози пришто удрил во „дачија“ и направил …

Continue Reading

Скопјанец најден починат во „бмв“ на паркинг

Вчера на паркинг во Гази Баба, во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Б.Ќ.(54) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид.

Continue Reading

Вера Милошевска од „Љубојна“ ќе ја промовира својата прва книга

В сабота, на 28 декември, ќе биде промовирана првата книга на Вера Милошевска-Јосифовска – препознатливиот вокал на групата „Љубојна“. Книгата „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – Оживување на една заборавена музика“, којашто е во издание на „Флипбук букс“, ќе биде претставена во кафе барот Филхармонија во 19.30 часот. Книгата е повеќеслојна и е плод на долгогодишно истражување во областа …

Continue Reading

Пожар избувнал во соба во „Бардовци“

Пожар избувнал во една од собите во Психијатриска болница-Бардовци. Од МВР информираа дека огнот се разгорел вчера околу 9.30 часот и бил изгаснат од скопската противпожарна бригада. Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и извршен е полициски увид.

Continue Reading