Децата кои беа ранети во училиштето во Загреб се пуштени од болница, празниците ќе ги поминат со своите семејства

Двете момчиња, ранети во страотниот напад во петокот во основното училиште „Пречко“ во Загреб, денеска се пуштени на домашно лекување од Детската болница. Лекарите процениле дека момчињата на возраст од седум и 11 години се опоравиле доволно за да ги поминат Бадник и Божиќ дома со своите семејства. „Најдобрата можна вест денеска од болницата Клаиќ е дека децата се добро. …

Continue Reading

Претседателката на Молдавија: Ни претстои тешка зима без рускиот гас

На Молдавија ѝ претстои тешка зима, но ќе го надмине овој предизвик, изјави денеска претседателката Маја Санду на инаугурацијата на нејзиниот втор мандат. Санду, која тесно победи на изборите во ноември, се соочува со потенцијална енергетска криза поради заканата дека Русија ќе го прекине снабдувањето со гас за малата источноевропска земја. „Не е тајна дека зимата ќе биде тешка. Но, …

Continue Reading

(Видео) Запалена новогодишна елка во Сирија, веднаш избија протести

Во Сирија избувнаа протести поради палењето на новогодишна елка, што ги поттикна повиците до новите исламистички власти да преземат чекори за заштита на малцинствата, јавува Би-Би-Си. Видеото објавено на социјалните мрежи покажува запалена елка на главниот плоштад во Ал-Сукајлабија, претежно христијански град во централна Сирија. Дрвото е опкружено со маскирани луѓе. Christians marched through Syria’s Damascus to demand protection for …

Continue Reading

Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга, па ја заклучил дома и и’ се заканувал

Полицијата во Гази Баба приведе 38-годишен маж кој ја нападнал поранешната сопруга. Според информациите од МВР, тој вчера на пладне ја начекал 39-годишната жена на автобуска постојка во скопско село и физички ја нападнал. Потоа, ја заклучил во неговата куќа и и’ се заканувал, а закани упатил и кон нивните деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, …

Continue Reading

Раправија во работилница во Чаир заврши со пукање

Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Скопјанец со возило поминал преку ногата на малолетничка и побегнал

Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и привеле лицето во …

Continue Reading

Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме и модернизираме

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ. „Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани …

Continue Reading

Со „југо“ влетал во маса на која седело семејство во Кочани: кривична за штипјанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Р.(24) од Штип. Тој се сомничи за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешка телесна повреда“. Имено на 10.04.2024 во двор во Кочани, пријавениот со патничко возило „југо“ влетал со голема брзина и удрил во маса на која седеле С.Т. и нејзиното семeјство, а потоа со остар предмет му …

Continue Reading

Се претставувал како јавен обвинител и инспектор и барал пари за да ги спаси од притвор: кривична за маж од Гевгелија и скопјанка која му помагала

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид. Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 01. до 13.12.2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи …

Continue Reading