Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од осомничените за 6,5 милионски криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“ Тој беше приведен на граничниот премин Табановце. Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и натаму не е достапен за органите на прогонот. Вчера …

Continue Reading

(Видео) Русија: Украинците со дрон погодија службено возило на нуклеарната агенција на ОН

Русија ги обвини вооружените сили на Украина за вчерашниот напад на автомобил што се користеше за транспорт на експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), велејќи дека некој можел да биде убиен. Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, на денот на инцидентот изјави дека во вторникот беспилотно летало удрило и сериозно оштетило службено возило на агенцијата на …

Continue Reading

Трамп: Приоритет е решение на војната во Украина

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во интервју за весникот „Пари Мач“ изјави дека негов приоритет меѓу многуте кризи со кои се соочува светот денеска ќе биде „решавање на проблемот на Украина со Русија“. „Тие две земји трпат неверојатни човечки загуби. Стотици илјади војници се убиени“, рече Трамп во интервјуто објавено денеска во парискиот неделник. Трамп изјави дека Блискиот Исток …

Continue Reading

Ангеловска-Бежоска: Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска вклученост е сеопфатен напор за подигнување на финансиската писменост

Финансиската едукација и финансиската вклученост се суштински за економскиот раст и општествениот развој, но и за граѓаните, бидејќи само финансиски едуцирано лице може да носи исправни одлуки за штедењето, кредитирањето и инвестирањето. Финансиската едукација е значајна и за целиот финансиски систем, бидејќи го намалува ризикот од презадолженост и со тоа придонесува за целокупната финансиска стабилност. Спроведувањето на Националната стратегија за …

Continue Reading

Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

Трае „мала војна“ помеѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, а сагата никако не стивнува. Овој пат на шпанскиот стручњак му одговори Жозе Мурињо. Гвардиола возврати на првичната изјава на Мурињо и го обвини португалскиот стручњак дека сака Сити да биде исфрлен од Премиер лигата: „Јас и Пеп работевме заедно, се сакаме. Не е точно дека сакам Манчестер сити да испадне. …

Continue Reading

(Фото) Уапсена жена во Гостиварско, при претрес пронајдени дрога, пушка, муниција…

Вчера во 22 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 29-годишната Џ.З. од гостиварско Дебреше. При претрес во домот и помошни простории во село Дебреше, каде што живее со нејзиниот сопруг, 29-годишниот Д.Н. од Дебреше, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, …

Continue Reading

Започна ледената магија: Во „Борис Трајковски“ се замрзнуваат над 300 метри квадратни вистински мраз

Започнува подготовката за најголемата магија на мразот – од денеска во арената „Борис Трајковски“ официјално се замрзнува ледената подлога, создавајќи идеална сцена за незаборавниот спектакл во сабота. Додека многумина би помислиле дека вакво ледено чудо може да се случи само под отворено небо, ние ја носиме магијата внатре, во просториите на арената „Борис Трајковски“. Токму тука, во затворен, удобно загреан …

Continue Reading

(Видео) Српска министерка ја нападна Хрватска пред Советот за безбедност на ОН

Пред Советот за безбедност на ОН беше доставен полугодишен извештај за работата на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, тело формирано да ја заврши работата на Меѓународните кривични судови за Руанда и поранешна Југославија. Извештајот го презентираа претседателката на Механизмот Грасиела Гати Сантана и обвинителот Серж Брамерц. Како што јави ХРТ, судијата Гати Сантана го истакна случајот на Јојиќ и …

Continue Reading

Мафијата заработува милијарди од туризмот во Италија

Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика објавено денеска. Прометот и профитот на мафијата ќе се зголемат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата. Според истражувањата, мафијашката …

Continue Reading