Со пушки во раце учениците во Челопек имале приредба во униформи на воени групации, Јаневска најави санкции

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку објава на нејзиниот профил на Фејсбук најавува поведување постапка против раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек за организирање на училишна приредба на која ученици се облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации. Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ …

Continue Reading

Се бара изгубено дете во Чаир

Мало дете се изгуби во Чаир. Како што објавија дел од медиумите, момчето последен пат е видено пред неколку часа во близина на Мараш Донер. Тоа е облечено во црна јакна и темно сиви тренерки. Семејството апелира за помош и бара да се контактира доколку некој го забележи момчето. За сите информации, контактирајте ги на бројот: 071/944-758.

Continue Reading

Илиевски од СДСМ побара итно одржување на лидерска средба

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. – Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја …

Continue Reading

Синер ќе ја брани титулата во Мелбурн

Тенисерот број еден во светот Јаник Синер ќе ја брани титулата на Австралија Опен, како што стојат работите во моментов. Судот за спортска арбитража (CAS) го објави својот работен календар до 11 февруари следната година, а случајот на Синер го нема на тој список. Да потсетиме, пред два месеци, Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба на одлуката на Агенцијата за …

Continue Reading

Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато поради снег

На планинскиот превој Ѓавато е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила поради врнежи од снег. АМСМ инфорира дека сообраќајот на излезот од Гостивар кон Стража е нормализиран.

Continue Reading

Македонски државјанин за пари заминал во Москва да и се приклучи на руската војска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.К. македонски државјанин, за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски …

Continue Reading

Килограм чист кокаин најден во Велес

Полицијата вчера во Велес при претрес пронашла еден килограм кокаин.  Поднесена е кривична пријава за три лица за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. -На 29.11.2024 во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(43) и Р.С(33), двајцата од Велес. …

Continue Reading

Пешак тешко повреден по удар од автомобил

Вчера година во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улиците „Партизанска“ и  „АСНОМ“ во Битола, патничко возило цитроен со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Битола удрило во пешакот С.С.(29) исто така од Битола.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот,  констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна …

Continue Reading

Делегација на Општина Струмица присуствуваше на празнувањата и одбележувањето на патрониот празник на градот Кукуш

Како дел од меѓународната соработка на Општина Струмица, на покана на градоначалникот на Општина Кукуш, Грција, г. Димитрис Киријакидис, на 28 ноември 2024 година, делегација на Општина Струмица присуствуваше на празнувањата и одбележувањето на патрониот празник на градот Кукуш, „Светите Петнаесет свештеномаченици“, според Грегоријанскиот календар. Делегацијата беше предводена од г. Ице Беличев, Советник во Општина Струмица, заедно со претставници од …

Continue Reading