По 27 пат, даночните службеници го одбележаа „Свети Матеј“ – Денот на даночните работници

По повод „Св. Матеј“ – Денот на даночните работници директорката на УЈП Елена Петрова се обрати пред вработените и им го честита празникот на даночниците, а традиционално ги додели и признанијата за долгогодишна непрекината 10, 20, 30 и 40 годишна работа во Управата за јавни приходи. Пред вработените директорката појасни дека посебна е честа да се доделат јубилејните и наградите …

Continue Reading

(ВИДЕО) Јанчева: Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат

Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата во Советот на Град Скопје денеска поднесе барање за свикување на вонредна седница, поради сериозноста на проблемот со приватните превозници, кој со месеци ги остава граѓаните на Скопје без функционален јавен превоз, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. – Додека претседателот на Советот, …

Continue Reading

Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме

Вчера во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички …

Continue Reading

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Кисела Вода

Вчера во 18.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат П.К.(57) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, на местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Continue Reading

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски. Динамиката на терен е засилена, потенцираше вицепремиерот Николоски, се работи на експропријацијата, а планот е прво да се градат нови …

Continue Reading

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е потребен голем преглед на Обединетите нации, посочувајќи дека речиси 200 земји во светот не можат да бидат препуштени во рацете на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Тој на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул рече дека ОН треба целосно да се реформираат. „Светот не може да …

Continue Reading

Верати е подготвен да се врати во Италија

Марко Верати би можел да се врати во Европа по нешто повеќе од една година. Италијанецот го напушти ПСЖ, но за разлика од многу ѕвезди наместо во Саудиска Арабија се пресели во Катар. Шпанскиот весник „Марка, тврди дека во зимскиот преоден рок, Верати ќе се врати во Италија. Европскиот шампион со Италија во 2021 година, нема поминато ниту една минута …

Continue Reading

Кривична за директорот на Здравствениот дом Македонски Брод за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола – ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство …

Continue Reading

Стојановски: Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за превозниците е Град Скопје да ги зголеми средствата по поминат километар, додека СДС бара покачување на цената на билетите

На денешната седница на Град Скопје, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, ја изрази поддршката за иницијативата да се зголеми цената по километар за приватните превозници. Стојановски нагласи дека оваа мерка е важна за решавање на проблемите со протестите и блокираните линии кои приватните превозници ги организираат поради економските тешкотии. „Прво сакам да нагласам дека изминатиот период советничката група на ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading