Учество на Делегацијата во ПС на НАТО на 70. годишна сесија во Монтреал, Канада

На 70. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржува од 22 до 25 ноември 2024 година во Монтреал, Канада, учествува Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во состав: Драган Ковачки, шеф на Делегација и пратениците Беким Сали и Славјанка Петровска, членови на Делегацијата. На пленарната седница ѝ претходеше одржување на постојаните комитети на ова собрание, на …

Continue Reading

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за најстарата жена што го родила своето прво дете во Македонија. Според информациите мајката и бебето се во стабилна состојба. Детето е зачнато преку ин витро процедура.

Continue Reading

По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница

Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брза помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица. Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила …

Continue Reading

Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата

Во Баку, Азербеиџан, во периодот од 11-22 ноември се одржа 29-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, 19-от состанок на страните на Протоколот од Кјото и 6-от состанок на страните на Договорот од Париз, заедно со 61-от состанок на помошните советодавни тела за наука и техника и за спроведување. На конференцијата, Република Северна Македонија беше …

Continue Reading

Путин повика да се спречи дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независни држави

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независни држави (ЗНД). Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики. „Денес, …

Continue Reading

Баерн го чека ПСЖ, Арсенал кај Спортинг, Сити излез од кризата бара против Феенорд

Вечерва започнува петтото коло во Лигата на шампионите. Првата половина од натпреварите ќе понуди две дерби средби, во Минхен, Баерн ќе го пречека ПСЖ, а Спортинг во Лисабон ќе му биде домаќин на Арсенал. Внимание привлекува и гостувањето на Феенорд кај Манчестер сити. Баерн, а особено ПСЖ имаат проблеми сезонава во Лигата на шампионите. Баварците во првите четири рунди освоија …

Continue Reading

„Граѓаните се оставени да се гушат, власта на Мицкоски покажува дека нема намера ништо да преземе“, велат од СДСМ

„СДСМ остро реагира на неодговорната и штетна одлука на Владата на Мицкоски да ги намали парите наменети за борба против загадувањето и обезбедување чист воздух. Во време кога Скопје но и други наши градови повторно се меѓу најзагадените градови во светот, оваа одлука е негрижа и игнорирање на основните потреби на граѓаните, ова е удар врз здравјето на народот“, велат …

Continue Reading

Претседателот на Уставниот суд се сретна со координаторка на „Тика” во Скопје: соработката да се интензивира во текот на наредната година

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка, предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит. На средбата беше констатирана успешната соработка помеѓу Судот и „Тика” во изминатите години. Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во континуитет ја дава на Уставниот …

Continue Reading

Изложба на Јана Манева-Чупоска во Истанбул

Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето на изложбата е на 27-ми среда во 19.00 часот. Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна …

Continue Reading