Претседателот на Уставниот суд се сретна со координаторка на „Тика” во Скопје: соработката да се интензивира во текот на наредната година
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка, предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит. На средбата беше констатирана успешната соработка помеѓу Судот и „Тика” во изминатите години. Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во континуитет ја дава на Уставниот …
Continue Reading
Изложба на Јана Манева-Чупоска во Истанбул
Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето на изложбата е на 27-ми среда во 19.00 часот. Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна …
Continue Reading
Димитриеска-Кочоска на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествува на Пленарен состанок на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува од денеска до 29 ноември во Парагвај, а кој е посветен на глобалната имплементација на меѓународните стандарди за даночна транспарентност и напредок на земјите, како и на предизвиците со кои се соочуваат земјите при имплементација на …
Continue Reading
Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим: Потребно поблиско вмрежување и интеграција на нашата држава во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес, на покана на својот италијански колега Антонио Тајани, е во работна посета на Рим, Италија, каде учествуваше на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог“ и се обрати на панелот насловен „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“. „Медитерански дијалог“ е годишна конференција на високо ниво за медитеранска геополитика, организирана од …
Continue Reading
Британски министер: Нашите војници нема да одат во Украина
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека Обединетото Кралство нема да испрати војници во Украина, откако вестите сугерираа дека Британија и Франција ја разгледуваат оваа опција. Тензиите меѓу Русија и Западот значително ескалираа во последниве денови, откако американскиот претседател Џо Бајден ја овласти Украина да користи ракети со долг дострел доставени од САД за напад на цели во …
Continue Reading
Лавров: НАТО ги премина сите граници на пристојност
Северноатлантската алијанса ја премина границата на секаква пристојност, дозволувајќи си да дава изјави за можноста за превентивни напади на руска територија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Тој денеска на состанокот на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на земјите од ЗНД соопшти дека шефот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги соопштил вистинските намери …
Continue Reading
Фановите ја исмејуваа Ким Кардашијан поради грешка во фотошоп: „Заборавила да се погледне во огледало“
Ким Кардашијан се најде на удар на критики поради една од најновите фотографии што ги објави на Инстаграм. 44-годишната ријалити ѕвезда позираше во бело здолниште и кошула со црвени чевли. Таа се фотографирала покрај огледало, па нејзините следбеници веднаш укажале на грешка во фотошоп и посочиле дека нејзиниот одраз во огледалото е поинаков. „Огледалото, огледалото на ѕид. Упс. Заборавила да …
Continue Reading
Медведев: Пренесувањето на нуклеарно оружје во Украина би било еквивалентно на напад врз Русија
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска изјави дека трансферот на нуклеарно оружје во Украина ќе биде еквивалентен на акт на напад против Русија врз основа на одредбите на ажурираната нуклеарна доктрина на Руската Федерација. „Самата закана за пренесување нуклеарно оружје на режимот во Киев може да се смета за подготовка за нуклеарен конфликт со Русија“, напиша …
Continue Reading
Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“
Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ од Џакомо Пучини на 29 ноември со почеток во 20.00 .ч. Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, ќе се изведе на сцената на МОБ под диригентската палка на гостинот од Италија, Роберто Џанола (Италија), …
Continue Reading